ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Инвестициски фонд за врските

January 28, 2022 14:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Билјана Арсовска

Билјана Арсовска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Највисокиот облакодер на светот, Бурџ Калифа, е дизајниран да се ниша на ветрот. Висок 163 ката, на самиот врв кој е одалечен 830 метри од земјата, овој облакодер се занишува напред-назад до два метри за да го „збуни ветрот“, како што вели главниот градежен инженер Бил Бејкер. Повеќето високи згради се дизајнирани да се прилагодат на зголемените временски влијанија и непогоди како влечење и туркање, можеби земајќи пример од дрвјата, кои се наведнуваат и се враќаат во центарот одновно и одново. Без разлика дали станува збор за бетон или челик, дрво или лисја, овие структури се наведнуваат и нишаат за да не се скршат. Токму тоа треба да го направиме и ние луѓето понекогаш.

Свиткувањето за мене е важна активност. Физички, тоа е истегнување што го буди телото и ги поместува нашите способности. Ја подобрува нашата флексибилност, агилност и пргавост. Психолошки, свиткувањето е она што сме повикани да го направиме кога не можеме да ги промениме нашите околности, кога можеме само да го промениме начинот на кој реагираме на нив. Тоа е она што во бизнис светот се нарекува „pivoting“ или ротирање. Тоа е она што имигрантите го прават отсекогаш – се прилагодуваат на непредвидливото. Тоа е она што јас и многу други го нарекуваме „приспособливост“. И тоа е суштински дел од издржливоста.

Нема да е Јануари, ако не резимираме што сè нѝ се случи изминатата година којашто предмалку ја испративме. Нормално дека моето анализирање отиде подалеку. Размислував на целава ковид етапа. Колку се промени нашиот живот во последните неколку години? Колку се променивме ние? Колку од промените што моравме да ги направиме во различен степен ги направивме реактивно а колку проактивно? Колкумина од нас почувствувале дека стоењето високо и цврсто – држејќи се до нашите рутини и ветувања – е единствениот начин да се задржат некои фрагменти од „нормалноста“ што ја уживавме претходно? Колкумина од нас го почувствуваа повикот да промениме сè одеднаш – да ја напуштиме работата, да се преселиме на друго место, да го промениме статусот на нашите односи, да се промениме во ковлива форма за да станеме некој сосема нов. Дали се променивме премногу?

Секоја врска, секој човек и секој жив организам подрипнува од една, на друга нога балансирајќи ги стабилноста на левата и промената на десната страна. Ако нашата врска не се менува, таа се фосилизира и умира. Но, ако се промени премногу и пребрзо, таа станува хаотична. Навигацијата напред-назад, транзицијата меѓу старото и новото, редот и непознатото, корените и плодовите, се клучот за приспособување во сите односи.

Ајде, ќе бидам фер (за разлика од вирусот) и нема да ѝ препишам вина на короната за ова; И со нејзе, и без нејзе – се менуваме побрзо од кога било досега.

Со текот на времето, како ја балансираме стабилноста и промените во нашите романтични врски значително еволуирала. Како што избледеа строгите родови улоги во западниот свет, нашите улоги и одговорности станаа помалку фиксирани и потечни. Во поголемиот дел од човечката историја, постоеле многу малку нејаснотии за тоа како да се премине од една фаза на врската во друга. Религиозните и општествените ритуали околу раѓањето, додворувањето, бракот, бременоста и смртта го правеле собирањето и одземањето на животот да биде едноставна и предвидлива за решавање равенка.

Денес, правилата ги измислуваме ад хок, на лице-место. Подемот на егалитаризмот, автономијата, автентичноста и индивидуалниот раст станаа дел од модерната љубов. А, тоа значи дека нашите односи се во постојан развој. Тие се флуидни. Оваа транзиција – од институционална регулатива до внатрешна и меѓучовечка одговорност – направи да очекуваме од нашите романтични врски повеќе од било кога.

Сè уште ги сакаме традиционалните елементи на придружба, економска поддршка, семеен живот и социјален статус, но згора на тоа, сакаме и нашите партнери да бидат спас против нашата егзистенцијална осаменост, страствен љубовник, интелектуално изедначена и личност која ќе нѝ помогне да станеме најдобрата верзија од себе во секоја фаза од нашиот живот. Многумина од нас не сакаат само стабилни и трајни врски; сакаме успешни врски. За да ги исполниме овие романтични аспирации, мораме постојано да се соочуваме со промените. А промената е ретко лесна. Сега, како што вели психологот Елин Бадер, „задачата е да научите како да бидете отворени и автентични еден со друг за тоа што мислите, чувствувате и посакувате, и да можете да стоите цврсто додека вашиот партнер го прави истото – а потоа да научите како успешно да управувате со вашите различности“.

Сигурна сум дека сте ја слушнале фразата „спротивностите се привлекуваат“. Ова не е секогаш точно, но постои елемент од оваа фраза што се појавува во секоја врска и во секоја фаза. Така, на пример, доколку сме компулзивни планери и секое патување сакаме да го испланираме до секунда, може да нè привлече личност која ноншалантно се пакува и тргнува на пат без план. Сакајќи ја спонтаноста што ја доживуваме со партнерот, оваа различност нѝ се чини интересна и прифатлива. Но, токму онаа лекоумност што нѝ се допаѓаше кај партнерот, може да предизвика вознемиреност при планирањето на нашиот прв голем одмор. Навистина сме комплицирани, знам.

Паровите кои стојат цврсто во своите убедувања и цврсто се држат за тоа кои отсекогаш биле, или како биле на почетокот, се оние со поголема веројатност да заминат во различни насоки кога ќе се соочат со промени. Од друга страна, екстремниот компромис – во кој едниот партнер се откажува од сопствените потреби за да ги исполни барањата на другиот или да избегне конфликт – исто така не функционира. Можеби нема да се оддалечиме еден од друг, но нема да бидеме среќни ако останеме во таа врска. Исто како што облакодерот би се срушил кога не би бил приспособен да се ниша на ветрот. Исто како дрвото што би се скршило кога не би умеело да се превитка од една, на друга страна.

Во здрава врска, решението е речиси никогаш да не бараме нашите партнери да се сменат додека ние остануваме исти. За да бидеме поприлагодливи, мора да се прашаме што придонесуваме за постоечката динамика. И тогаш, мора да си ги поставиме основните прашања што ќе ни помогнат да станеме подобри партнери.

Прилагодливоста во односите е реагирање на променливите околности во животот преку добра комуникација и многу флексибилност. Исто како добро протегнување на телото, секојдневно 1-процентно преминување на границата резултира со поголема флексибилност и подобар перформанс. Преминување низ различни фази во врската значи заедничко растење низ промената. Значи дека ги одржуваме корените цврсти додека им даваме простор и можност на цветовите да танцуваат. Да се биде адаптивен е постојана врска со непознатото, но истовремено и со можноста.

Комуникацијата, заедно со компромисот и прилагодувањето се тенкиот врв на Бурџ Калифа. Она што ја прави нескротлива. Тоа е скицата за истрајност.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: „Дизни+“

Стриминг платформата „Дизни+“ пристигнува и во Македонија

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk