На Apple е одобрен патент за виртуелно позиционирање на звукот, кој потенцијално би можел да биде основа за нови, сосема различни аудио апликации. Во прашање се виртуелни звучници кои на корисниците ќе им овозможат преку специјална аудио технологија да слушаат најквалитетен звук во точно дефинирани места во просторијата.
Овој виртуелен акустичен систем користи вистински звучници, но дава чувство на слушателите дека звукот доаѓа од позиции кои се различни од физичките локации на звучниците. Патентот првично е доставен уште во 2018 година, но дури сега е одобрен. Тој користи MacBook звучници со звучен ефект кои им овозможува на аудио брановите да содржат и „просторни сигнали“, со помош на која се дефинира локацијата од каде што слушателот ќе го слушне звукот.
Оваа технологија би можела да се употребува за различни намени, со цел да се зголеми впечатокот за присуство. На пример, тоа ќе даде сосема нова димензија на спортски преноси или концерти. Технологијата сигурно би можела да се примени во индустријата за забава, во игри и телевизиски емисии, а јасно е дека ќе го најде и своето место во деловните активности (на пример, за време на конференциски повици).