ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Се сеќавате ли на земјоделските протести?

Погодувате чиј е гласот од аудио снимката што се ширеше по социјалните мрежи во која се слуша: Протестиве што ги правиме со земјоделциве се отприлика 99% ако не и 100% наши луѓе?! Слушнете за потсетување, како сегашниот заменик-техничкиот министер Цветан Трипуновски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги организирал „земјоделските“ протести што беа фингирани некаде кон крајот на октомври 2019 година

January 5, 2020 12:58
in ESPRESSO, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Се сеќавате ли на земјоделските протести во кои најмалку имаше земјоделци, а другото беше партиска местенка и манипулација со маката на земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ?

Погодувате чиј е гласот од аудио снимката што се ширеше по социјалните мрежи во која се слуша: Протестиве што ги правиме со земјоделциве се отприлика 99%, ако не и 100% наши луѓе?! Слушнете за потсетување, како сегашниот заменик-техничкиот министер Цветан Трипуновски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги организирал „земјоделските“ протести што беа фингирани некаде кон крајот на октомври 2019 година.

Тогаш, онлајн заедницата и граѓанските новинари успеаја многу брзо да ги откријат и разобличат лажните земјоделци, споделувајќи со јавноста огромен број податоци за тоа што се случуваше зад параваните. Едноставно, јавноста ја препозна играта на ВМРО-ДПМНЕ и го откри вистинскиот идентитет на голем број лажни земјоделци, ги откри нивните имиња и вистински занимања и позиции, односно партиски функции.

Многу помогнаа и порталите и телевизиите кои се најдоа на лице место и ги интервјуираа дел од „земјоделците“ протестирачи. Најмногу внимание на тие протести секако предизвика младата Пепица, функционерка во УМС на ВМРО-ДПМНЕ, од мајка пратеничка и татко партиски функционер, вработен во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, таа се претвори во „земјоделка“.

Она што сепак остана да се памети е улогата на високите партиски функционери и секако улогата на сегашниот заменик-технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски во тогашните „земјоделски“ протести.

принтскрин 24.мк

Покрај аудио снимката, Цветан Трипуновски на неколку пати во камера можеше да се забележи како суфлира и истапува во име на земјоделците кои наводно го организирале протестот. Или Цветан Трипуновски и буквално стоеше позади лидерите на фингираните протести.

На видео снимката од 19 септември 2019 може да се препознаат истите ликови, а Цветан е во главна улога и во дијалог со министерот Димковски. Како да го занемариме фактот дека тогаш „земјоделците“ организираа протест, а кога ги праша министерот кои се нивните барања, не знаеја да ги кажат и викаа оркестрирано – оставка, оставка…

Ете тоа се тие вмровски еманципирани кадри со чисти досиеја (иако нели и во момнетот кога стапува на функција ЈО има кривична пријава за злоупотреба на службената должност против Цветан Трипуновски), што „реформираното“ ДПМНЕ има да ги понуди.

 

 

Next Post

Најпродавани книги во Македонија за 2019 година

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk