Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со грчкиот амбасадор во земјава Русос Кундурос, при што акцентот беше ставен на добрососедските односи помеѓу двете држави и за можностите за продлабочување на долгогодишната соработката во областите од заеднички интерес.
Како што соопшти МВР, на средбата во Министерството е констатирано дека борбата против криминалот, меѓуграничната соработка и сузбивањето на други видови криминал се дел од областите за кои постои интерес за проширување на соработката, што секако ќе придонесе за уште поголемо интензивирање на односите меѓу двете соседни земји.
извор: МИА






