ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Секој има право на самоопределување, од државите зависи каков статус ќе им дадат на другите народи

January 31, 2022 21:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Повеќе пати коментирав, дури имав прилики и да се дообјаснам околу Македонците во Бугарија. Сакам да се држиме до нашиот Устав и нашата политика, прва одредба за немешање во внатрешните работи на другите држави имаме со Декларција во 1999 година, каде стои дека која било држава ќе се меша во внатрешните прашања на друга. Истото е во Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година, а ние имаме и 36-ти амандман, дека ќе се грижиме за посебностите на сите народи во државата и надвор од неа. Секој што се декларира некако тоа мора да му се уважи, но статусот што ќе биде определен сепак е на другите држави“ – изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, во вестите на Сител.

Тој дополни дека нашата држава не барала ништо низ годините од Бугарија. Македонците во Бугарија, кои создаваат свои структури таму, се обраќале и до бугарските и до европските институции и тоа е патот за остварување на целите.

„Од друга старана ние пред 20 години сме ја дефинирале Северна Македонија како држава на Македонците и другите народи кои живеат во нашата држава. Постојат долгогодишни барања и на хрватската, црногорската, и на бугарската заедница. Кога ќе се отвори тоа прашање ќе го разгледаме, не гледаме политички проблем околу тоа. Така како што се набројани другите, така може и останатите. Веќе имаме ставено народи во Уставот, дали ќе се прошират со уште една, две три заедници не е проблем за концептот на нашиот устав. Важно е да ги заокружиме ова прашање. Ние велиме немаме проблем тоа да го направиме и мислам дека треба пред пристапувањето во ЕУ треба да се направи. Ние треба за тоа отворено да зборувае, како е возможно, кога е возможно…“- дополни вицепремиерот.

Да не дозволиме процесот на европеизација да прерасне во билатеризација

„Не е важно само Бугарија да има гаранции, туку и ние да имаме гаранции и да сме сигурни дека обврските што ќе ги преземеме ќе ги исполниме. По одлуката на ЕУ од март 2020 година, закочивме на усвојување на преговарачката рамка. Важно е за нас процесот на европеизација да не стане билатеризација, тоа е важно и за државите членки. Ова е прдизвик, ова го дискутираме, немаме се уште начин, немаме точки, но во коррдинација со ЕК, заедно со премиерот, министерот Османи, одиме во Брисел на средби, сигурно ќе разговараме и за ова, ние ќе останеме дека ќе ги исполниме нашите обврски, но да ги исполни и Бугарија. Во однос на јазикот сме кажеле, нема да отстапиме, ниту одговара да отстапиме, дека имаме право да говориме македонски и да го нарекуваме македонски, како што е во ООН, така да биде и во ЕУ. Нема друга црвена линија, на тоа не обврзува Уставот и декларацијата донесена во Собрание.

„Работиме со Бугарија во нова атмосфера, треба да се почитуваме, со базирање на европските вредности, со почитување на нашата посебност и дигнитет. Да ги менаџираме тензииите и потенцијалните проблеми за овој процес започнат пред две три недели да му дадеме шанса и да се обидеме за брзо време да ги затвориме прашањата.“- истакна Бојан Маричиќ.

Next Post

Тупанчевски: Сите го посочуваат законот дека има мали казни за дела во сообраќајот, а тој има казни и до 20 години затвор

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk