ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Kовачевски на средба со Бренан: Капацитетите и поддршката на ИРИ во процесот на реформи важни за развојот на нашето општество

January 31, 2022 22:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, заедно со генералниот секретар Миле Зечевиќ попладнево се сретна со новиот директор на Меѓународниот републикански институт за Северна Македонија, Крис Бренан.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми и поддршката на ИРИ во процесот на реформи за развој на демократијата во општеството. Претседателот Ковачевски му посака добредојде на директорот Бренан, заблагодарувајќи му се за она што Институтот го има реализирано за земјава, но и заедно со СДСМ.

„ИРИ и за СДСМ и за Северна Македонија е долгогодишен сериозен партнер кој досега давал придонес во важни процеси како за институциите на државата, така и за СДСМ. Секој проект, истражување и препорака од ИРИ, за СДСМ носеле резултати и позитивно влијаеле врз функционирањето на партијата. Како партија, но и како Влада сериозно сметаме на капацитетите и поддршката на ИРИ во процесот на реформите кои се важни за нашето општество.“ порача Ковачевски.

Осврнувајќи се на актуелната политичка состојба, Ковачевски истакна дека фокус на новата Влада е решавање на енергетската и економската криза преку ефикасни навремени мерки и политики, како и продолжување на евро-атланскиот пат.

„Успеавме да ја решиме кризата со топлинска енергија во Скопје, имаме одговор на глобалната енергетската криза преку максимална мобилизација на сите домашни производствени капацитети. Паралелно на тоа работиме на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, ликвидност на компаниите и економски раст. Оваа година ќе се посветиме на капитални инвестиции кои ќе креираат забрзан раст на економијата“ посочи претседателот Ковачевски додавајќи дека сега не е време за предвремени избори, туку за поангажирана и поефикасна работа на сите полиња.

Директорот на ИРИ, Бренан му го честиташе мандатот на претседателот Ковачевски, изразувајќи надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.

Next Post

Тупанчевски: Мора да се стави крај на селективната правда и неспроведувањето на законите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk