„Последната песна од оваа селекција е на Yon Idy. Оваа песна се вика „Dreams“ па ајде да „сонуваме“ и да ја слушнеме“, рече Рој.
Едноставна но прекрасна, ова има потенцијал, Ве молам пратете ја оваа песна, Оваа ви е најдобриот избор искрено, ова се дел од коментарите на Рој.
Нема да ви пречи ако победи но мислам дека тоа не е целта на Северна Македонија тие сакаат да се квалификуваат и оваа песна е таа.
Доколу сте во полуфиналето каде се е „диво“, кога ги имате вашите „Супермен“ и кога ги имате вашите ЕДМ и поп девојки, каде постојано сте на врвот и сите сме луди, лудиии и одеднаш го имаме ова од Yon кое нè симнува доле на само акустична гитара и фин дечко кој само свири на својата гитара. Пеејќи песна, со самото присуство таму на роматичен начин, имајќи тивка позадина.
„Сметам дека ќе бидете во топ 15 пласирани и Северна Македонија ќе има одлични резултати. Ова е 100%, 1.000%, 1.000.000% вашиот избор по мое мислење“, рече Рој.
Реагирав на сите песни за Евровизија 2022. Јас мислам дека Северна Македонија има две песни за кои можам да кажам дека имаат потенцијал. Песната за финале е најлесен избор, луѓето ќе кажат ова е дефинитивно нешто ново, а другата песна е балада и таа балада може да биде добра, но може да има и подобри.
Доколку имате песна како „Dreams“ тогаш не треба да се грижите за тоа, затоа што на тие песни не може да им се случи тоа и јас би сакал да го видам тоа, би сакал да видам едноставен дечко со гитара стоејќи таму и само пеејќи песна каде има љубовен момент. Ќе биде прекрасно помеѓу целиот хаос како што кажав претходно. Тоа е моето мислење.
Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, момчето со уникатен глас и инди стил кој ја освојува светската сцена. Со неговиот прв хит „Gentle“ ги освои срцата низ целиот свет, а до сега има издадено осум песни, кои се емитуваат на голем број радио станици низ светот: САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн.
Гласајте за Yon Idy на Избор за претставник на Евровизија 2022 Северна Македонија.
М. Ацкоска