ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кој ќе не спаси нас во ваков свет без емпатија?

February 3, 2022 18:03
in FRONTACTION, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Живееме во свет без емпатија, секоја година не разобличува по некоја случка, ни ги фрла розевите очила и не соочува со реалноста во која живееме. Никој не ни е крив, ние сме една багра, едно племе без емпатија, без чувство за другиот, без грижа. Ние сме мизерија и пораз за човечкиот род.

Поразителен е фактот дека во 21 век се соочуваме со стигматизација и целосна дискриминација на оној што е различен, оној кој размислува и делува различно од нас. Во 21 век се соочуваме со напад на послабиот, оној кој нема сила на ист начин да ни врати – и наместо како што не учеа да му подадеме рака – ние ја спремаме тупаницата за осуда, мислејќи дека тоа ќе не направи подобри луѓе.

На 11.06.2018та година ни се случи Тимјаник. Група родители ја осудија идејата за мал групен дом во нивното село. Со само една причина ” Не се против децата – туку местото не им е тука”, и тогаш како и сега паметам дека пишувавме гласно на социјалните медиуми, бевме згрозени од тоа дека го делиме воздухот со луѓе кои што можат да осудат на таков начин.

Но само една година потоа, откако властите не се откажаа од идејата за реализација на овој проект и создавање на мали групни домови дојде до целосен пресврт. Родителите и децата од малите групни домови почнаа да учат заедно, да се викаат по родендени и да уживаат. Да живеат еден нормален живот. Со тоа се поставува само едно прашање – Зарем не е стигматизацијата само отсутност на знаење, само страв од непознатото?

Тимјаник од една тажна и црна приказна, стана нешто за изучување. Стана нешто за почит, и за тоа всушност дека едукацијата во нашето општество е повеќе од потребна.

Ситуацијата со малата Алма само го отвори истото прашање, дали немоќта и дискриминацијата кон различниот е наш неуспех како општество да ја создадеме здравата средина за сите преку суштинска едукација за различностите.

Дали ваквиот деградирачки однос е само приказ на нашиот ментален склоп? Ќе биде поразително да се погледнеме во огледало знам и да се соочиме со ова – но сега е подобро, него подоцна. Подобро сега да ни се распарча вистината во лице, да се соочиме со тоа какви нелуѓе, какви осудувачи и какви подлеци сме. Да се соочиме со фактот дека во нашите битија немаме трунка емпатија. И да го допреме дното.

Сега веќе дупло дно. И да се родиме одново, како луѓе – како феникси, да се потрудиме да станеме подобри, да успееме барем малку одново да го избришеме овој мизерен чин и да создадеме нешто ново.

Да се отвориме – и  навистина да создадеме едно општество за сите.

На крај на денот до никој не е, туку само до нас.

Ние сме крај на светот, на кој вечно некој друг ќе му е крив. Дури не ги отвориме срцата, не подадеме рака и не разбереме дека сме сите исти од крв и место – ова овде ќе биде само црна дупка од која сите ќе сакаат да си одат.

Оние малкуте кои можат да го гушнат целиот свет се надевам дека ќе се множат и дека ќе покажат дека УБАВИНАТА ЌЕ ГО СПАСИ СВЕТОТ. Алма мила, прости им не знаат што прават!

 

Владанка Крстевски

 

 

Next Post

Ле Пен ја финансира претседателската кампања со кредит од унгарска банка

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk