Додека ССМ настојува да ја зголеми минималната плата на работниците и да го подобри нивниот животнен стандард, а Владата бара начин трите инволвирани страни да дојдат до компромисно решение, ВМРО-ДПМНЕ застанува на страната на работодавачите.
Во изјава за вестите на ТВ 24 поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, вели дека се неприфатливи барањата на Сојузот на синдикати на Македонија да има покачување на минималецот на 18.000 денари. За Славески прифатливи се барањата на сопствениците на капиталот –работодавачите, да се промени методологијата за пресметка на минималецот, односно поголема тежина да има порастот на цените во усогласувањето на минималната плата.
„Во спротивно, ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“.
Според Славески вaквото зголемување од 18000 би придонело најголем дел од компаниите во Република Македонија да затворат.
Со ваквите ставови на проф. Славески очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги напушта позициите за заштитнк на народот спротивставувајќи се на интересите на работниците од кои огромен дел се и подржувачи на оваа парија.
Славески а следствено и ВМРО-ДПМНЕ со јавната и отворена подршка на работодавачите, го минира процесот на договарање на трите страни во економскиот совет давајќи им аргументи повеќе на стопанските комори да не ги прифатат барањата на Синдикатот.
Ваквите ставови на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ се сосема спротивни на апелите на граѓаните во анкетата на ТВ Алфа во која ги осудуваат сите оние кои се против зголемување на минималната плата.







