ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, Владата е на страната на работниците

February 6, 2022 15:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни, порачува, е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците.

– Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, пишува Ковачевски.

Oд Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение и порачаа на Владата одлучно да застане на страната на работниците и да го стави синдикалниот предлог за минималната плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи.

-ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кој ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме! “ наведоа од ССМ и повторно предупредија дека доколку во четврток во Собранието не се изгласа предлог законското решение од ССМ ќе почнат со штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта.

На втората средба што се одржа завчера во Владата за минималната плата не беше постигнат договор откако Синдикатите останаа на барањето таа да изнесува 18.000 денари и да има скалесто зголемување на сите останати плати, а дел од работодавачите изнесоа предлог да се субвенционира зголемувањето на минималната плата.

Разговорите, според најавите, треба да продолжат откако утре на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

Next Post

Трамп собира пари за избори: Донатор на 250.000 долари добива вечера со него

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk