Дијалогот меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија е динамичен и треба да добие поддршка од европските партнери. Вака известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, во „Зборувај сега“ на бугарската телевизија БНТ ги коментираше разговорите Софија-Скопје.Според европратеникикот од МРФ / Алијансата на либералите и демократите, односите меѓу двете земји треба дополнително да се развиваат на ниво на секторски политики и да добијат поддршка од целото општество, вклучително и од опозицијата, бидејќи не се доволни само напорите на двајцата премиери.
Според Ќучук, средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претставници на ОМО-Илинден секако не помага за добрососедските односи меѓу двете земји.
Превод: Фронтлајн