ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес

February 7, 2022 17:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, на која се разговараше за динамиката на евроинтеграцискиот процес, продолжувањето на соработката меѓу двете држави, како и финансиската поддршка која во вид на проекти ја добива Северна Македонија од страна на Холандија.

– Важна ни е поддршката од Кралството Холандија во процесот за почеток на преговори со Европската Унија. На денешната средба со амбасадорот Јан Коп потврдивме дека политиката на проширување на ЕУ е важна за стабилноста и напредокот на регионот, бидејќи обезбедува единствени правила во однос на демократија, владеење на правото, човековите права, но и поголем пазар и инвестиции. Северна Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување во ЕУ и очекувам дека во наредниот период ќе работиме заедно со нашите европски партнери за да ја забрзаме динамиката на процесот со посветена работа на сеопфатни реформи, истакна Маричиќ.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, Маричиќ и Јан Коп разговарале и за проширување на традиционалната поддршка во реформите со акцент на владеење на правото и правосудство, како и за напредокот во соработката помеѓу нашата земја и Бугарија во насока на целосно отстранување на ветото кон конечно отпочнување на пристапните преговори со Унијата, при што беше потенцирана холандската поддршка за европската иднина на земјата.

извор: МИА

Next Post

Петровска – Гир: Заедно ќе работиме на отпорноста од хибридни закани

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk