ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Минимална плата од 18.000 денари и поддршка за компаниите, ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи законите

February 8, 2022 11:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на СДСМ Фатимир Битиќи за „Утрински брифинг“, го поздрави вчерашниот успех на сите социјални партнери преку дијалог, кој за прв пат се случува во нашата држава да се стигне до минимална плата од 18.000 денари, како и креирањето методологија за усогласување на минималната плата, според која минималната плата никогаш нема да биде помала од 57% од просечната плата, пишува во соопштението на СДСМ.

Најголем успех е дијалогот, во 2017 година заврши ерата на еднострани решенија, влезени сме во демократско општество, во процеси каде само дијалогот дава решенија кои што се прифатливи за секоја една страна, порача Битиќи.

Тој потенцираше дека минималната плата никогаш повеќе нема да се врати на ниво од 9.000 денари, колку што беше во 2016 година.

Ние никогаш нема да се вратиме на тоа ниво од 2016 година, кога минималната плата имаше удел од 38% од просечната плата. Поставувањето на прагот на уделот на минималната плата во просечната од  58% на секој работник му гарантира дека минималната плата нема да падне, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека со ова се креира механизам за извлекување од прагот на сиромаштија на граѓаните, кои примаат минимална плата, а беа оставени така наназад со години, додавајќи дека само со усогласување, според проекциите, минималната плата до 2026 година ќе изнесува 22.000 денари.

Мораме да креираме правични и праведни решенија, мораме да се бориме овие луѓе еднаш засекогаш да ги извлечеме од прагот на сиромаштија и да добиваат достоинствени плати, рече Битиќи.

Во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесат амандмани за платите во јавниот сектор, Битиќи порача дека тоа е веќа содржано, да не се грижат од ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите, сите плати треба да се усогласат, бидејќи законите се носат да обезбедат правичност и праведност.

Убаво ќе беше пред една година да го изгласаат законот за наставници и стручни соработници, во кој е инкорпорирано усогласување на платите и затоа што е закочен од нивните пратеници, вработените во овој сектор не земаат зголемени плати, нагласи Битиќи.

За критиките на опозицијата дека зголемувањето на минималната плата ќе им нанесе штета на компаниите Битиќи рече дека токму за да не биде целиот терет на работодавачите државата излегува со помош за микро и малите компании.

Лесно е да зборувате, ако не сте на место на 78.646 сограѓани кои примаат минимална плата од 15.000 денари, и да најавувате крај на економијата, но анализите не го покажуваат тоа, порача потпретседателот на СДСМ Фатимир Битиќи за „Утрински брифинг“.

 

 

 

Next Post

„Брако“ во 2022 – План за нови вработувања и проектиран раст од 35 отсто

Shortcut

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk