ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

За една недела 9.982 нови позитивни случаи

February 8, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела (n=11.910). Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од    31.01.2022 до 06.02. 2022г. ,тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10-19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0%  во однос на претходната недела.

Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број (n=137; 93,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство . Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од од 31.01 – до 06.02.2022г, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Next Post

Бислимовски: РКЕ ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk