ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Тренчевска-Кристин Бенгтсон: Унапредувањето на родовата еднаквост во општеството е наш заеднички приоритет

February 9, 2022 11:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со шведската амбасадорка во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која беа потврдени добрите меѓудржавни односи, поддршката која Шведска и ја дава на нашата држава и соработката на повеќе полиња значајни за градење на современо општество, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Главна тема на средбата беше родовата еднаквост во општеството, владините политики и нивна имплементација, вклученоста на институциите и граѓанскиот сектор.

Министерката Тренчевска ја истакна заложбата на Владата за унапредување на родова еднаквост во општеството. Во таа насока таа се осврна на новиот Закон за родова еднаквост, кој е во финална фаза и наскоро треба да влезе во владина процедура.

„Новиот Закон за родова еднаквост обезбедува потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење. Градиме општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности  кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека наскоро ќе биде отворен и Ресурсен центар, кој што е всушност тренинг центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Министерството подготови и нова Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година, која е во собраниска процедура, чија цел е унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество. Исто така, во подготовка е и Национален акциски план за родова еднаквост 2022-2024.

Амбасадорката Бенгтсон, изрази интерес и за политиките на земјава и мерките кои се преземаат за поддршка и унапредување на животниот стандард на ромите, како ранлива категорија на граѓани во нашето општество.

Министерката Тренчевска истакна дека еден од приоритетите на Владата е унапредување на интеграцијата на Ромите во сите сегменти на општественото живеење,  образованието, вработувањето, домувањето, регулирање на матичната евиденција.

Таа посочи дека министерството работи на вклучување на децата Роми во предучилишното образование и воопшто подигнување на свеста во ромските семејства за значењето на образовниот процес. Во таа насока е и воспоставувањето на центрите за деца од улица, кои функционираат на дневна основа и ги подржуваат овие деца во образовниот процес. Такви центри има  во Кисела Вода и Шуто Оризари, а се воспоставени во соработка со граѓанските организации. Таа се осврна и на поддршката на семејствата во ризик со нивно вклучување во системот на социјална заштита, како корисници на ГМП, но и нивна активација на пазарот на труд.

Двете соговорнички изразија уверување за понатамошна продлабочена соработка, од која директна придобивка ќе имаат граѓаните на Северна Македонија.

 

Next Post
МИА

Платите скалесто да се зголемат или УПОЗ ќе стапи во штрајк

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk