ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За бизнисот во регионот „Отворен Балкан“ е можност за подобро работење и економски раст

February 9, 2022 13:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Share on FacebookShare on Twitter

За најголем дел од извозно ориентираните компании во земјите од регионот или за 96,4 отсто од нив иницијативата Отворен Балкан би можела да отвори можности за подобрување на нивното работење и економски раст, покажува првото квантитативно и квалитативно истражување „Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата `Отворен Балкан`“ спроведено од Организацијата Аналитика тинк-тенк.

Пречки за остварувањето на економската соработка не гледаат 89,3 отсто од компаниите, но, 10,7 велат дека има и оти се однесуваат на долгите чекања на границите, голем број давачки и преголемиот број административни документи и сметаат дека тоа е нешто што во иднина треба да се промени.

Тамара Мијовиќ Спасова, извршен директор Аналитика тинк тенк, презентирајќи ги наодите од истражувањето истакна дека речиси седум од десет компании се изјасниле оти има постојано унапредување на условите за извоз, а три оти тие се во стагнација. Кај голем дел од нив постои перцепција дека при извоз во ЕУ процедурата е поедноставна и побрза и очекуваат тоа да се случи и со извозот во регионот со цел поголема економска соработка во интерес на сите земји.

– Речиси осумдесет отсто од испитаниците, сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе го олесни движењето и на луѓето во целост, а 17,2 отсто дека тоа ќе биде во голема мера. Само 3,4 отсто од компаниите сметаат дека иницијативата нема да промени ништо, рече Мијовиќ Спасова.

Таа вели дека истражувањето покажало и оти најголем дел од испитаниците сметаат дека најголемо олеснување во однос на движењето на капиталот е потребно кај директните инвестиции – 41,7 отсто и кај лични движења на капитал 33,3 отсто.

Премиерот Димитар Ковачевски кој присуствуваше на почетокот на презентацијата смета дека иницијативата „Отворен Балкан“ отвора можност за бришење на границите како административни бариери, и ги овозможува остварувањето на четирите европски слободи за движење на луѓе стоки услуги и на капитал. Затоа, како што рече, очекува покрај Северна Македонија, Албанија и Србија дел од неа да станат и другите земји.

-Иницијативата може да доведе до окрупнување на пазарот до кој ќе имаат пристап земји во регионот. На наков начин ги поврзуваме економиите, стануваме поконкурентни и уште поподготвени за натамошен развој, рече Ковачевски.

Според него, иницијативата значи меѓусебно економско поврзување со јасна намера граѓаните во државите да имаат директни економски придобивки. „Отворен Балкан“ рече тој, не е алтернатива за членство во ЕУ, туку комплементарна активност за примена на европските вредности на регионално ниво.

Извршната директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија Фани Каранфилова-Пановска, организација со чија поддршка е спроведено истражувањето, посочува дека кога се зборува за Отворен Балкан се зборува, пред се, за надминување на економските и трговските препрек, но, како што нагласи, генерално и на општествените препреки кои го забавуваат растот воопшто, а пред се растот на економијата во регионот.

-Спроведувањето на четирите слободи и воспоставувањето на единствениот регионален пазар по терк на пазарот на ЕУ има огромен потенцијал да ја поттикне трговијата и размената, да го поттикне и зголеми вработувањето, да го зголеми и да го економизира искористувањето на ресурсите во регионот, нио и да ги зголеми инвестициите. Со еден збор да се зголеми економскиот развој и на тој начин, не само да го олеснат животот на граѓаните, туку и да го унапредат на среден и на долг рок, рече таа.

Според неа, „Отворен Балкан“ како иницијатива за соработка е, како што истакна, иницијатива за подобра заедничка иднина, која нуди не само повисок животен стандард на сите, туку и безбедност и мир, и иницијатива која ќе ги остиви во минатото недоразбирањата на соседните држави во регионот.

Главна цел анализите што беа презентирани денеска, според Аналитика тинк-тенк, е сеопфатно мапирање на клучните актери и нивните позиции и предлог препораки за подобрување и зајакнување на соработката во рамки на „Отворен Балкан“ иницијативата. /MИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски: Компаниите ги препознаваат придобивките од „Отворен Балкан“ (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk