ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангелоски: Регионалната соработка преку „Отворен Балкан” важна за идниот економски развој

February 9, 2022 16:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски учествуваше како говорник на онлајн настанот „Економска интеграција на Република Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании во РСМ за иницијативата „Отворен Балкан”.

„Отворен Балкан” е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнис секторот. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на стоки, услуги, лица и капитал.

Ангелоски, како што информираат од ССК, на настанот порача дека бизнис секторот ги направил првите чекори и ги детектира слабостите, а тие се движењето на стоките, работните дозволи и движењето на капиталот.

– Во однос на Отворен Балкан, ние веќе имаме еден дел на Отворен балкан кој функционира, а тоа е мобилната телефонија, движењето по границите со лични карти како документ за идентификација итн. Најрентабилно, најекономски најголем интерес би требало да имаме во соработката со нашите соседи. Од економската соработка во периодот 2020-2021 можеме да заклучиме дека малите земји повеќе се заинтересирани за поголеми пазари и поголемите пазари дефинитивно даваат компаративна предност да се работи и да се прошират капацитетите, со истите ресурси со мало проширување може да се дојде до поголем промет и подобри резултати. Македонија и Србија се долгогодишни партнери во стопанската соработка, но сметам дека на страната помеѓу Македонија и Албанија има многу неискористен потенцијал, истакна Ангелоски.

На настанот се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, директорката на Царинската управа Славица Кутирова и професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и експерт на аналитика Тинк тенк, Вели Креци.

Извор: МИА

Next Post

ЗОИ: Гајгер најдобар во нордиска комбинација

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk