ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

February 9, 2022 17:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Ресен одржа средба со производителите на јаболка од овој регион. На средбата се разговараше за моменталната состојба со откупот на јаболка, како и за мерките од новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година. Министерот Николовски посочи дека оваа година за прв пат, први овоштарите вклучително и производителите на јаболка со новата пилот мерка ќе имаат две исплати за субвенции, една по Програмата 2021 и една по новата Програма 2022.

„Во новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2022 усогласена со европската регулатива, имаме нова пилот мерка оваа година само за овоштарите, но од следната година и за другите сектори, според која сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Новата Програма 2022 е излезена во Службен весник и овоштарите за прв пат годинава  авансно ќе добијат линерана субвенција од 12.000 денари по хектар, тоа е првата исплата како што ја има во секоја европска земја, потоа останатиот дел од основната субвенција ќе ја добијат следната година. Ова е нова, европска реформа во процесот на исплата на субвенции, со која авансно се исплаќаат 30 отсто, што од 2023 година ќе важи за сите култури“, рече министерот Николовски.

Дел од новитетите во Програмата 2022 е зголемување на износот за кофинансирање на мерката за зелена нафта, поради зголемување на цената на нафтата, при што министерот Николовски посочи дека колку што се зголемени трошоците за нафта толку ќе изнесува и зголемувањето на поддршката на износот. Иако кофинансирањето годинава останува 50 отсто, зголемувањето во пари поддршката ќе биде поголема, рече министерот Николовски .

Согласно новата Програма, се бришат критериумите за пријавена површина и грло, односно носителите на земјоделски стопанства кои се регистрирани како вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сите  ќе добијат 20 отсто дополнителни финансиски средства.

На состанокот, министерот Николовски посочи дека наскоро започнува реализацијата на проектот на Светска банка, преку кој во Ресен но и во Скопје и Струмица ќе се изградат современи откупни центри, кои се од големо значење за земјоделците од овој регион, за откупот и за трговијата. Министерот Николовски информираше дека се подготвуваат крупни реформи во земјоделството преку нови законски решенија како што е подготвката на Закон за уредување на пазарите, со кој се утврдуваат  пазарните политики и се отвора можност за формирање на асоциации на производители, Закон за директни плаќања, Закон за рурален развој, Закон за советодавни услуги, Закон за осигурување и други закони.

На средбата се разговараше и за барањето на производителите на јаболка за продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од 3 денари по килограм за продадено индустриско јаболко, за што министерот Николовски порача дека заеднички со сите надлежните институции и по анализите и контролите од Државниот инспекторат за земјоделство, ќе се дефинира соодветно решение.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Министерот за правда Тупанчески на средба со германската амбасадорка Анке Холштајн

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk