ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот за правда Тупанчески на средба со германската амбасадорка Анке Холштајн

February 9, 2022 17:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески денес оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Н.Е. Анке Холштајн, на која беа презентирани резултатите од досегашната работа, како и идните чекори на министерството за подобрување на македонскиот правосуден систем.

На иницијалната средба двете страни ја потврдија досегашната успешна билатерална соработка, која особено се надополнува со поддршката од ГИЗ во текот на сите изминати години и безброј реализирани проекти, од кои значаен дел се во правосудниот сектор.

На средбата министерот Тупанчески ги презентираше и идните приоритети на Министерството за правда. Дигитализацијата во правосудниот сектор останува главен приоритет на кој ќе продолжи да се работи. Јавните обвинителства се значаен сегмент од правосудниот систем и ставањето во функција на електронскиот систем за распределба на предмети во Јавните обвинителства ќе обезбеди ефикасност во борбата против корупцијата. Исто така, министерот истакна дека оваа година се финализира имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022 година, а ќе се започне и со подготовка на новата Стратегија за периодот 2023-2027 година, која ќе биде продолжение на реформскиот процес.

Амбасадорката Холштајн ја потврди поддршката за продолжување на соработката која веќе ја имаат остварено двете држави и ја изрази подготвеноста на Германија да даде уште поголем придонес во спроведување на реформите преку размена на искуства, особено во меѓународната судска пракса од казнената сфера. Заедно со министерот Тупанчески се согласија дека соработката ќе се интензивира и во насока на остварување на заедничките цели.

 

Next Post
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да прекине да го валка делото на великанот Делчев

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk