ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работна средба на Ангелов со претставници на Американската одбранбена агенција за намалување на закани

February 9, 2022 20:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Денеска, во Центарот за управување со кризи директорот Стојанче Ангелов реализираше работна средба со високи претставници на Американската одбранбена агенција за намалување на закани –ДТРА, од Канцеларија за Европа стационирана во Германија(US DTRA – Defense Threat Reduction Agency) Конкретно, од американска страна учествуваа: мајорот Лукас Хофман и г-дин Дерек Роуван – одговорни за  Одбранбена програма за соработка (Security Cooperation Engagement Program, DTRA), заедно со г-ѓа Ана Лазаревска, претставник на Амбасадата на САД во РСМ. Во тимот на ЦУК, покрај директорот Ангелов, беа Игорче Карафиловски, државен советник, Урим Вејсели, раководител на Секторот за меѓународна соработка и Мирјана Петровиќ, раководител на Одделение.

Претставниците на Американската одбранбена агенција за намалување на закани ДТРА од Канцеларија за Европа стационирана во Германија, на самиот почеток на работната средба, изразија благодарност за вклученоста на Центарот во досегашните заеднички активности и ја претставија Програмата на активности за следниот период, којашто предвидува организирање Штабна вежба во период од 21 до 25.03.2022 година во Скопје. Покрај ЦУК, на Штабната вежба учество ќе земат и други претставници на Системот за управување со кризи: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство,  Дирекција за заштита и спасување, Противпожарна Бригада и други институции – субјекти коишто се вклучуваат во Главниот штаб согласно конкретните кризни состојби заради коишто се свикува Штабот. Целта на вежбата, којашто ќе се одвива согласно одредено сценарио, има за цел зајакнување на координацијата, ефикасноста и навремената реакција на учесниците од Системот за управување со кризи во услови на прогласена кризна состојба.

Директорот, Ангелов, кратко ги претстави законските надлежности на Центарот и посочи конкретни примери за дел од активностите што беа превземени при гасењето на шумските пожари, за време на летните месеци 2021 година во земјата. Ја истакна добрата соработка со Армијата и другите субјекти од СУК и подвлече дека само со институционална координација и соработка ќе може да се постигне ефикасен одговор.

На состанокот се истакна потребата од вклучување на претставици од медиумите и внатрешните организациски единици за мдиумска продукција и односи со јавност со цел да се извежбува и надоградува улогата на медиумите и начинот на информирање на јавноста во услови на голема непогода, криза. Беше претставен и начинот на барање меѓународна помош како важен елемент којшто треба да се вклучи во сценариото на Штабната вежба. Исто така, со конкретен пример од одредена непогода (опасноста од уривање на ризичната карпа во Матка) беше претставено функционирањето на НИКС системот со Центарот.

Next Post

Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ се спротиставува на работата на полицијата, вели народот бил одран

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk