ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конкурси за стипендии за студии на странски универзитети за 2022/2023 година

February 10, 2022 13:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука денеска ги објави конкурсите за доделување стипендии за додипломски, магистерски и за докторски студии во странство за академската 2022/2023 година на високорангирани универзитети на Шангајската листа. Максималниот износ на стипендијата за сите три студиски циклуси е 40.000 американски долари годишно со кои ќе бидат надоместени трошоците за уписнина.

Стипендиите за прв циклус (додипломски) се доделуваат за студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области односно на еден од првите сто рангирани универзитети, согласно последната објавена листа на шангајскиот универзитет „Џио Тонг“, за студии од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката.

За втор циклус и за трет циклус се доделуваат стипендии за истите области и ранг на универзитетите на Шангајската листа како и за првиот циклус, освен за медицински науки кои не се наведени во конкурсите за магистерски и докторски студии.

На корисникот на стипендија (од сите три конкурси) му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно, исплатени во соодветна валута, според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на објавувањето на конкурсот, два авионски билета на почетокот и по завршување на студиите или еден повратен авионски билет.

Рокот за пријавување за стипендиите за сите три циклуси на студии  е 15 септември 2022.

До тој датум ќе биде и пријавувањето за стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2022/2023 година, за кои МОН денеска, исто така, го објави Конкурсот. И во оваа категорија стипендии на корисникот му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 долари годишно.

Во сите конкурси се наведени и обврските коишто избраните кандидати ќе ги имаат кон Република Северна Македонија и доколку не се вратат во земјава по завршувањето на студиите.

Во конкурсите се достапни информации за условите за пријавување, потребните документи и начинот на аплицирање, детели за висината на стипендиите, како и  Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за академската 2002/2023 година, врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци која е објавена од Обединетите нации.

Извор: МИА

Next Post
Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

СЗО: Бројот на заразени во Африка би можел да биде седум пати поголем

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk