Вицепремиерот и министер за регионален развој на Бугарија, Гроздан Караѓов изјави дека во разговор со македонскиот министер за локална самоуправа, Горан Милевски, предложиле да се реализира регионална средба на општините од пограничниот регион меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата ќе се организира во Банско или Благоевград, а Караѓов најави и дека ќе разговара со здруженијата на општините во Северна Македонија и Бугарија за агендата и прашањата што ќе ги постават како лидери во овој дијалог и искуствата што можат да ги разменат меѓу нив.
Според вицепремиерот Караѓов, оваа средба на општините од Бугарија и Северна Македонија би можела да се одржи во следниот месец, месец и половина.
Извор: МИА





