Васко Попа
Постојаниот гостин на кафеаната
во моето соседство
Мавта со празниот ракав
И си грми себеси во запуштената брада
Боговите ги покопавме
Сега на ред се кукланите
Што си играат богови
Гостинот е скриен во облаците тутун
И осветлен од сопствените зборови
Изрезбан во дабовиот балван
Убав е како бог
Штотуку ископан од Песокот
Васко Попа (1922-1991) е југословенски поет со романско етничко потекло. Погребан е во Белград, во Алејата на заслужни граѓани.
Избор: Тања Кармзова Костиглиола