ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковачевски со критики до градоначалниците: Ветувањата дадени во изборната кампања, не се реализираат

February 14, 2022 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски не е задоволен од работата на градоначалниците бидејќи, како што денеска изјави, ветувањата дадени за време на изборната кампања, воопшто не се реализираат. 

–  Доминантно, власта во локалните самоуправи ја освои опозицијата и тие мора да бидат свесни за својата одговорност. Од она што можам да го видам е дека ништо не се прави во општините. Јас живеам во градот Скопје каде што гледам дека ветувањата што беа давани во текот на кампањата воопшто не се реализираат. Единствено нешто што добиваме од градоначалниците е барања за помош, меѓутоа од другата страна не постои никаква иницијатива од нив да се вклучат во справувањето со енергетската и економската криза, изјави Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешното закројување на лозјата во Росоман, Ковачевски упати критика до градоначалниците кои во време на криза ги правеле буџетите на општините без притоа да предвидат кризни програми за справување.

– Дополнително на тоа, барањата доаѓаат од градоначалници кои доаѓаат од партија која гледаме дека наместо да им помага на граѓаните, вчера организираше целодневни настани со снимање на скапи видеа и со организирање во скапи сали каде што презентираа проекти од кои дел се започнати од градоначалниците од СДСМ, а другиот дел се тотално непостоечки и би кажал некакви стелт технологија проекти коишто никој не ги гледа и никој не ја гледа нивната имплементација, рече Ковачевски./МИА/.  

Next Post

Социјален дијалог меѓу МОН, локалната самоуправа и бизнис заедницата за уписните политики за средно стручно образование

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk