ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Социјален дијалог меѓу МОН, локалната самоуправа и бизнис заедницата за уписните политики за средно стручно образование

February 14, 2022 11:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука (МОН) заедно со локалната самоуправа и бизнис заедницата од денеска почна социјален дијалог за усогласување на уписните политики за средното стручно образование за учебната 2022/23 година, со цел зголемување на бројот на запишани ученици во средните стручни училишта, поттикнување на компаниите за пракса, но и промоција на дуалните паралелки.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска пред почетокот на овој дијалог изјави дека станува збор за исклучително важен процес кој ќе се реализира во следните 20 дена.

Тој смета дека средните стручни училишта можат повторно да бидат прв избор на средношколците само доколку во овој процес на социјален дијалог директно се вклучат самите општини, локалните компании и средните стручни училишта бидејќи градоначалниците, менаџерите на компаниите и директорите на училиштата најдобро знаат каде треба да се интервенира, за да обезбедат струки барани на пазарот на труд.

-Колку е поуспешна оваа соработка и навреме се утврдуваат реалните потреби, толку побрзо ќе ја постигнеме посакуваната заедничка цел да обезбедиме стручен кадар што недостига, но и да ја зголемиме можноста за побрзо вработување на младите и веднаш по завршувањето на школувањето и нивното останување на местата каде што живеат и да придонесат за економски раст и развој на општните и на државата, рече Шаќири.

Тој додаде дека пред овој дијалог МОН спреведе прашалник меѓу компаниите за заинтерсираноста да учествуваат во креирање на дуалните паралелки за учебната 2022/23 година.

-На наше задоволство, околу 400 компании ни одговорија на прашалникот, а дури 90 проценти од нив се подготвени да примат ученици на пракса кај нив, со што директно ќе се вклучат во создавање на поквалитетно стручно образование, од кое ќе излезат добро обучени кадри кои се подготвени веднаш да започнат со работниот прцес, додаде Шаќири.

Тој потсети дека ова е втора година МОН  да иницира дијалог на локално ниво во соработка со Швајцарската амбасада и како што рече, покажа успешен резултат во 2020/21 година. Како што рече, бројот на дуални паралелки од 11 се зголемил на 97, со вклучени над 200 компании.

Според министерот, радува и падатокот што од вкупно 10 683 ученици запишани во средното стручно образование во учебната 2021/22 година, 1 400 ученици го избрале дуалното образование. Како што рече, меѓу најбараните струки се машинска, електротехничка, хемиско-технолошката, економско-правната..

Додаде и дека МОН воведе стипендии како дополнителен стимул при избор на средното образование. Ученици кои ќе се запишат во дуалните паралелки се стипеднирани со 3.500 денари месечна стипендија.

Извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев изјави дека уште од 2007 година е јасно оти она што се случува со средното образование и генерално со образовниот систем во државата не одговара на потребите на компаниите.

-Меѓутоа, самиот факт дека тоа ние сме го евидентирале и сме го виделе не беше доволен, за нас беше потребно да се изгради свест во државата и да се направат неколку клучни предуслови. За овој процес се потребни повеќе аспекти.
Првиот, како што рече, е да економијата, која иницира ваков тип на образование, да ги прифати кадрите кога ќе завршат со средно образование и да им даде коректна позиција во рамките на компаниите и покрај тоа што немаат високо образование.
Втората категорија, посочи, е средните училишта тоа да го следат и да обезбедат кадар кој ќе биде спремен да влезе во процесот на обезбедување на кадри, и третиот аспект е државата како носител на образовната функција да го прифати тоа и во образовните програми е спремна да ги модификува кон потребите на реалната економиј, а каде тие млади луѓе треба да се вработат.
– Во 2007 година, пред 15 години, е започнат во Комората овој процес, во последно време гледаме дека и останатите економски асоцијации го поддржуваат. Она што е битно е дека ние не работиме само на она што е директна комуникација со Владата, работиме и на надворешни спонзори, оваа година осум средни училишта и преку 30 компании добија поддршка за опремување на средните училишта со технологија, лаборатории, и со нешто што е потребно за да младите луѓе кои учат таму бидат спремни за предизвиците на работата веднаш по завршувањето на средното образование, додаде Пешев.
Според него, денес е јасно дека детето е успешно ако веднаш по завршувањето на училиштето најде работа и биде платено за тоа коректно.
-Ве уверувам дека салата  следната година ќе биде преполна зошто ќе сакаме да има што е можно повеќе средни училишта, локални самоуправи и компании присутни на овие настани бидејќи така обезбедуваме реална суштински употреблива млада полуцација која ќе има причини да остане во државата, додаде Пешев.
На новинарско прашање за анализата објавена на Државниот завод за статистика за слабите резултати на учениците од второ и трето одделение, која покажува дека помалку од 50 отсто знаат да читаат и да ги разликуваат боревите, министерот за образование рече дека анализата е од периодот од 2018/19 година, истата е завршена, а сега се фокусирани на подобрување на анализата за 2022 година.

-Тоа е завршена анализа, ние само можеме да дадеме придонес за подобрување преку новиот концепт, со новите процеси на учење. Во периодот на анализата не сме имале онлајн настава, за мене е важно каква ќе биде анализата во 2022 година, додаде Шаќири./МИА/.

Next Post

Мицкоски: Комуњарската трафостаница се самозапали за да ми го осуети отчетот

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk