ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Мицкоски: Комуњарската трафостаница се самозапали за да ми го осуети отчетот

February 14, 2022 12:17
in ZOOM IN, АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

РИБАРО

Бараме одговори и одговорност од власта зошто снема струја во моментите кога Мицкоски даваше отчет за сработеното во општините. Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, напишаа ВМРО-ДПМНЕ во соопштението со кое реагираат на вчерашното получасовно снемување на струја во Скопје поради пожар на трафостаница и испад на далекувод.

„Да, да, само мислете си вие дека тое е дефект и ненамерно. Комуњарската трафостаница не можела да го издржи сознанието дека вмровските градоначлници се севселенски успешни во нивната работа, и од немај-каде решила да се самозапали, за да не може народот да го проследи отчетот што го организиравме. Ете тоа е вистината!“, вели Мицкоски за АХА.

Дека снемување на струја за време на презентацијата на вмровските градоначалници е режирано од комуњарите кои во случлајов си ја жртвуваа и својата трафостаница, Мицкоски потсетува на неколку моменти од минатото.

„На јавноста добро и се познати таквите нивни методи на дејствување. Сетете се само на намерното исклучување на лифтови за време на изборниот ден во Центар, за да се спречат да гласаат возрасните. И праќањето на технички преглед на автобуси со партиски активисти не смееме да го заборавиме. На режираната сообраќајна незгода, за да не стигнат да гласаат луѓе од дијаспората, се сеќавате ли? Сега ова самозапалување на комуњарската трафостаница за време на нашиот отчет, е континуитет во спречување на демократијата, интриги со кои се обидуваат да нè замолчат и заплашат, но нема да успеат“. вели Мицкоски.

– Но господине Мицкоски, тоа со лифтовите, техничките прегледи, сообраќајките, нели беше на вашите: Миле, Горде, Јанушев, Николовски?!, реплицираше, репортерката на АХА.

– Така де, тоа е континуитетот за кој ви говорев? Нели гледате колку сум вознемирен, врати Мицкоски.

Редакцијата на АХА длабоко сочувствува со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, зашто се гледа дека му е нанесен душевен немир од страна на самоубиствената трафостаница во Пинтија и едновремено, го поддржува во неговите демократски борби да ги осуети комуњарите во нивните подли намери.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

 

Next Post

Ковачевски: Нова методологија за раст на пензиите и пакет финансиска поддршка за пензионерите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk