Утринава на платформата Јутуб, на профилот „Обнова на режимот“ осамнаа уште 3 аудио снимки, разговори меѓу генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Во првиот разговор со наслов „Да ги е*е гаси лифтовите“, во кратката комуникација меѓу двајцата соговорници се дискутира за познатото „гасење лифтови во згради на ден на гласање“, конкретно за изборите во 2013. За ова и претходно се знаеше во јавноста, а во разговорот Јанушев додава дека ако ги изгасат лифтовите, не би знаел како да ги изнесе „нивните“ да гласаат.
Во втората аудио снимка со наслов „Да се јавиш да пријават дефекти нашите да нема струја“, Јанушев и Јанакиевски договараат дефекти на струја на конкретни адреси по претходна координација со луѓе од одредени адреси. Јанакиески оди дотаму да договара пријавување на дефект во ЕВН во точно определен саат.
Последниот објавен разговор, повторно меѓу Јанушев и Јанакиески е за впечатоците од изборите, на што генералниот секретар на ДПМНЕ вели „не нѐ сакаат“, мислејќи на резултатите од избори и додава „Владо не го сакаат“.