ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стојчевска: Се врши исплата на јануарските плати во фази, никој нема да остане без плата

February 16, 2022 14:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој момент Министерството за култура врши исплата на јануарските плати во фази. Исплатата зависи од динамиката на анализите, но Министерството не го крши Законот за работни односи и никој нема да остане без плата, посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во врска со денешната реакција на Синдикатот за култура, во која се вели дека не се исплатени платите на оние културни институции кои работат в недела.

Министерката рече дека ја добила реакција од Синдикатот за неисплатените плати на дел од институциите и напомена дека во Министерството не се спровеле навремени консултации за непречено да се примени одредбата и спроведувањето на Законот за недела неработен ден.

-Фактот стои дека како Министерство за култура не се спровеле навремени консултации со установите кои што припаѓаат и за кои Министерството за култура е надлежно, и со надлежното Министерство за труд и социјална политика за непречено да се примени одредбата и спроведувањето на Законот за недела неработен ден. Предметната одредба од закаонот се однесува на работни процеси кои се од таква природа што не дозволува да се прекине работата, поради техничко технолошкиот процес и од потребата во континуитет во работата, додаде Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Според министерката, треба навремено да се идентификуваат оние установи кои имаат потреба недела да стане работен ден, а треба и да се почитува заложбата која Законот ја предвидува.

Таа додаде дека согласно насоките, Министерството за култура не го крши Законот за работни односи и сите оние кои работеле во јануари во недела, како што рече, ќе бидат исплатени согласно измените.

Сепак, таа додаде дека проблемот се јавува кај оние институции каде без основа и спротивно на одредбите од Законот за работни односи во делот на недела ден за одмор, тие работеле, што и влијае на забавената исплата.

Министерката напомена дека Министерството за култура во овој момент засилено работи на проектирање на буџетот согласно измените на Законот, како и на нова реорганизација на институциите за обезбедување на услови за оптимална работа за сите установи, односно калкулации колкав човечки фактор им треба на овие институции каде што не смее да се прекине процесот на работа.

-Јануарските плати ќе ги добијат во најбрз можен рок, не би калкурилала ниту со денови, ниту со недели но во најбрз можен рок јанаурските плати ќе бидат исплатени и се она што подразбира реорганизација во однос на законот недела неработен ден ќе биде направено во најкус можен рок, додаде министерката за култура.

Извор: МИА

Next Post

Ковачевски: Беса да се однесува како опозициска партија во Собранието

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk