ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Разговорите со Бугарија се водат на ниво на експерти, а за резултатите од разговорите информира МНР по состаноците

February 16, 2022 14:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Разговорите со Бугарија за отворените политички прашања се водат на ниво на експертски групи и за сите резултати од разговорите МНР информира откако завршуваат состаноците. Штом ќе има решение кое што е прифатливо за двете страни тоа ќе биде споделено со јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Разговорите со Република Бугарија се водат во неколку работни групи. Тие работни групи беа формирани со цел да не бидат изоставени институциите во државата коишто можат да креираат бенефити за граѓаните. Вие сте сите информирани дека имаме работна група за економски прашања каде што се вклучени иновации и трговија, потоа за инфраструктура, за образование и култура, за европски интеграции итн. Нормално дека политичките прашања се одвиваат на ниво на МНР, тие веќе имаа една средба во Софија, следната средба ќе биде во Скопје, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека разговорите се водат на ниво на експерти и за сите резултати од разговорите МНР информира откако завршуваат состаноците, што беше случај и при последниот состанок којшто се одржа во Софија.

Истакна дека министерот за надворешни работи во однос на отворените политички прашања имал свое излагање во Комисијата за надворешни работи во Собранието, каде што сите пратеници можеле изворно да се информираат.

-Што значи дека процесот се води на ниво на експерти коишто работат во МНР со полн капацитет со своите колеги од Република Бугарија и штом ќе има решение кое што е прифатливо за двете страни, тогаш нормално дека тоа ќе биде споделено со јавноста и нормално дека ќе биде споделено низ институциите коишто тоа решение ќе треба да го одобрат согласно со законските и уставните одредби на државата, рече Ковачевски прашан за коментар за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрсијајн Мицкоски дека нема да признае каков било договор со Софија се додека се договара зад затворени врати.  

Во однос на етничката определба на Гоце Делчев, Ковачевски рече дека „Гоце Делчев е основоположник за национална борба којшто се борел за независна македонска држава која што ние денес ја живееме, која што е членка на НАТО, која што е на чекор до отворање на преговорите со ЕУ штом ќе се решат прашањата со Република Бугарија кои што ги имаме отворено“. Тие, како што рече, мора да се решаваат во духот на европските вредности во духот на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и во духот на почит и на позитивна комуникација како помеѓу политичарите во двете држави, така и помеѓу граѓаните и институциите во двете држави.

-Со оглед на тоа што постојат отворени прашања коишто се дел од историјата, формирана е Историска комисија, односно Комисија за историски и образовни прашања какви што комисии се формирани и помеѓу држави коишто исто така имале историски спорови и во други делови во Европа. Такви комисии постојат помеѓу Германија и Полска и помеѓу други држави и коишто работат низ годините. Исто така, и оваа Комисија работи според своја методологија, работи според историски факти и во неа учествуваат професори по историја и затоа јас велам дека политичарите треба да се занимаваат со политичките прашања бидејќи за тоа се избрани и тоа треба да го прават врз основа на европски вредности, додека историчарите треба да истражуваат за историските прашања и врз основа на заеднички сознанија треба заеднички да ги соопштуваат, нагласи премиерот Димитар Ковачевски по посетата на компанијата „Текспорт“.

Извор: МИА

 

 

Next Post
Фото: Andrew Harnik / POOL / AFP

Блинкен: Руското признавање на Доњецк и Луганск ќе наложи цврст одговор од САД

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk