ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Работна група ќе ги утврдува причините за испадот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија што го остави Скопје без струја

February 16, 2022 16:04
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од Велес и овчеполието, 40-тина минути беа без напојување, информира АД МЕПСО.

Како што информиравме и во неделата, до прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дојде како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица „Скопје 4“, како последица на дефект кој се појави на изолаторска верига на 110 киловолтниот далекувод кој ја напојува трафостаницата „Бунарџик” преку трансформаторската станица „Скопје 4“. Во оваа прилика појаснуваме дека во нормални услови кога настанува дефект на далекувод, за изолирање на настанатата грешка, заштитата и прекинувачот го исклучуваат далекуводот на кој се појавува дефектот, со што без напојување остануваат само потрошувачите кои се врзани на трафостаницата напојувана од конкретниот далекувод, велат од АД МЕПСО.

Во неделата, додаваат, во моментот на дефектот, поради грешка во секундарните кругови за напојување на опремата во ТС „Скопје 4“, се случи неселективност и за само 0,9 секунди проработија системските заштити во околните трафостаници на 110 киловолтно напонско ниво, а за 2,5 секунди се активираа заштитите на 400/110 киловолтните трансформатори во ТС „Скопје 4“.

-На овој начин се дава налог до прекинувачите да ги исклучат двата енергетски 400/110 киловолтни трансформатори, преку кои се напојува најголем дел од Скопје и околината. Во согласност со процедурата при дефект, дежурните екипи од АД МЕПСО веднаш извршија проверки и прегледи во ТС „Скопје 4“, и во координација со Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО, започнаа постапка за вклучување на елементите од мрежата. Со напорна работа тие успеаја за еден час да воспостават напонска состојба и да се нормализира напојувањето на градот и околинита, појаснуваат од компанијата.

Паралелно со активностите кои се вршеа во ТС „Скопје 4“, прецизираат, далекуводните екипи на АД МЕПСО до доцните ноќни часови работеа на отстранување на дефектот на далекуводот 145/1 ТС Скопје 4-ТС Бунарџик, со цел жителите на Бунарџик, како и индустриската зона, да добијат напојување со електрична енергија.

– Во 03:35 часот, далекуводот 145/1 од ТС Скопје 4 до ТС Бунарџик беше поправен и вклучен под напон, со што се нормализираше напојувањето и на ТС Бунарџик. Она што и во оваа прилика сакаме да го потенцираме е дека технички проблеми на електромрежата од секаков тип можат да се случат секаде и во секој дел од денот и најважно во таквите моменти е што побрзо да се стабилизира системот, а граѓаните и стопанството да бидат снабдени со електрична енергија. Работната група работи интензивно на терен и веднаш по добивањето на прелиминарните сознанија ќе ги споделиме со јавноста, посочуваат од АД МЕПСО.

Извор: МИА

Next Post

Ковачевски-Предан: Словенија силно ги поддржува европерспективите, потребен е фокус на сите кон напредокот на државата

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk