Американските и руските воени авиони кои оперираат во источниот дел на Средоземното Море летаа опасно еден до друг во три одделни инциденти минатиот викенд, вклучувајќи го и оној во кој авионите се приближија на околу пет метри еден од друг, изјавија во средата претставници на Пентагон, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Блиските средби, кои се случија во меѓународниот воздушен простор во петокот и саботата, вклучија три руски ловци Су-35 кои преминаа на патеката на летот на три американски авиони за набљудување P-8A, рекоа официјалните лица.
Инцидентите, за кои претходно објави и „The Wall Street Journal“, се случија во време на зголемени тензии меѓу САД и Русија околу Украина. Рускиот претседател, Владимир В. Путин, распореди војска на границите на Украина, барајќи гаранции дека земјата никогаш нема да влезе во НАТО, додека претседателот Бајден се закани со санкции доколку Русите нападнат.
Претставници на американското Министерството за одбрана рекоа дека две од средбите во воздух биле оценети како небезбедни, а третата непрофесионална.