ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Предложени дополнителни докази во случајот „Меѓународен сојуз”

February 17, 2022 14:03
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство и обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз”, предложија дополнителни материјални и вербални докази. Преставникот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, до судот предложи четири материјални докази кои се однесуваат на обвинетите Бојан Јовановски и Фросина Ременски. Истовремено, свои материјални докази предложи и првообвинетиот Бојан Јовановски, кој побара од судот да се изведат како докази вацап комуникациите меѓу него и поранешниот премиер Зоран Заев, односно министрите Мила Царовска, Горан Сугаревски, и поранешни претставници од локалната власт.

Воедно, правниот застапник на правното лице Меѓународен сојуз, Иванка Јакимовска, пред новинарите после денешното рочиште истакна дека правниот субјект Меѓународен сојуз во своето дејствување нема никакви елементи на кривично дело, туку се работи за чист граѓанско-правен однос.

– Сметам за потребно да појаснам дека иако се работи за предмет кој е во фаза на доказна постапка јас како преставник на правното лице Меѓународен сојуз, стојам на становиште дека во неговите дејствија, односно во договорите и пред договорите кои што се направени во име и на сметка на правното лице не постои ниту еден доказ дека се работи за кривично дело, рече адвокатот Јакимовска.

На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” според редоследот своја одбрана требаше да даде обвинетата Фросина Ременски, меѓутоа пред судот таа посочи дека во овој стадиум на судењето нема да го искористи ова право со образложение дека одбрана може да се дава во секоја фаза на постапката.

– Не бегам воопшто од испитување, напротив сметам дека не смее судот да дозволи во ова фаза инверзија на товарот на докажување. Товарот на докажување според закон е обврска на ЈО, преку главната расправа, преку изведените докази да докаже вина на обвинетите, наведе Ременски.

Според неа, во овој случај на неизведени материјални докази, на докази што одат во прилог на она што цело време го истакнува е дека постои сериозна злоупотреба во само јавно обвинителско постапување.

– Од главната расправа и се тоа што произлезе, произлегува дека преставници на локалната или извршната власт кои што имале конкретни овластувања непосредно, директно, усно комуницирале со Меѓународниот сојуз, тоа не сум јас во овој случај. Лице од законодавната власт не може да создава некаков субјективен впечаток, напротив тој впечаток веќе бил создаден ако го имал. Но, тоа воопшто не алудира на инкриминирачки дејствија кон ниту еден од посочените кој од локалната или извршната власт, рече Ременски.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова-Гаврилова.

Меѓу обвинетите во овој случај се и Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Првобвинетиот Бојан Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“

Извор: МИА

Next Post

Викерс: Ќе продолжиме да градиме уште посилни трговски врски со Северна Македонија

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk