Германија, малку покасно од повеќето ЕУ земји, се реши за олеснување на ограничувањето на Ковид мерките во замјата.
Конечно, во средата, канцеларот Олаф Шолц и државните гувернери се согласија за план од три чекори за укинување на повеќето преостанати ограничувања, кој ќе се спроведува етапно.
Првиот чекор ќе им овозможи на луѓето повторно да се собираат приватно во групи доколку се целосно вакцинирани или неодамна се опоравиле од Ковид, истовремено се отфрла барањето да се покаже доказ за вакцинација или закрепнување при влегување во продавници.
Вториот чекор , кој ќе стапи на сила на 4 март, предвидува повлекување на правилото за вакцинација или закрепнување за влез во баровите, рестораните и хотелите. Повторно ќе бидат дозволени настани на отворено со присуство на максимум 25.000 луѓе, а ноќните клубови би можеле да се отворат со примена на правилото за доказ за вакцинација или закрепнување.
Третиот чекор ќе стапи на сила на 20 март доколку хоспитализацијата на заболените со Ковид остане доволно ниска и ќе се укинат повеќето ограничувања, освен барањата за носење маски.
Швајцарија соопшти дека повеќето ограничувања, освен обврската за носење маски во јавниот превоз и во домовите за стари лица, ќе завршат во четврток.
Во Австрија повеќето ограничувања ќе бидат укинати до 5 март.