ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчевски: Верувам дека до крајот на годината ќе биде донесен новиот Кривичен законик

February 17, 2022 21:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата верзија од новиот Кривичен законик верувам дека ќе биде готова пред одморите, по што ќе се отвори широка расправа и до крајот на годината ќе биде донесен,  најави вечерва министерот за правда Никола Тупанчевски во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма.

Тупанчевски посочи дека досега има околу 37 измени на актуелниот Кривичен законик, од кои дел се правени инстантно и на дневна основа и дека целта е сега таквиот тип на работа да биде избегнат, со тоа што на новите текстови веќе подолго време работат работните групи од Министерството со помош на странски експерти.

Смета дека постои потреба од детектирање на состојбите и брзо да се реагира за отстранување на одредени аномалии коишто се составен дел од правосудниот систем.

– Дефинитивно никогаш повеќе не треба да се повикуваме дека криво е правосудството. Ќе треба еднаш засекогаш да застанеме и дадеме име и презиме, идентификација, да се персонализираат и состојбите, меѓутоа и лицата кои придонесуваат за таквото негативно стојалиште или негативен став кон овие состојби, изјави Тупанчевски.

Вели дека капацитетот на Министерството за правда во моментот е насочен кон тоа да направи колку што е можно повеќе за да се создадат оптимални услови за некои состојби да не се повторуваат.

– Факт е дека треба да се менуваат работите. Стојам на тоа дека тоа не може да се направи преку ноќ или некои состојби што траеле со декади наназад би можеле да се решат за месец и еден ден, колку што сум на позицијата. Верувам дека ќе имам малку повеќе можности, разбирање и соработка со сите останати инститиуции чија што задача е да стигнеме до она што се нарекува правда, изјави Тупанчевски.

Во однос на одлуката на судот во Стразбур за повлекувањето на аболицијата од Ѓорге Иванов, Тупанчевски нагласи дека Република Северна Македонија дефинитивно го дала својот максимум во одбрана на ставовите.

– Ова е спор што се води и се уште нема епилог во која насока ќе се движи. Одлуката се уште не е донесена и треба да почекаме ЕСЧП да се произнесе. Одлуките на Европскиот суд за човекови права се составен дел од нашата регулатива и треба да бидеме подотвени на се, односно да бидеме внимателни, рече Тупанчевски.

Посочи дека се работи на нов Закон за помилување, на којшто уште додека раководел со работната група во состав на Министерството за правда пред да стане министер, биле воспоставени маргините како да не се остави простор да биде погрешно толкуван или некоја одредба да му даде преголема екстензија на претседателот, односно министерот или другите субјекти.

извор: МИА

Next Post
Фото: Andrew Harnik / POOL / AFP

Блинкен со говор во ОН: Москва може да нареди напад врз Украина во наредните денови

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk