ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Професионален фрлач на клетви во древна Атина

February 18, 2022 12:14
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Фрлањето клетви во древна Атина било вообичаена практика. Ако стравуваш дека некој ќе сведочи против тебе на суд, ако се сомневаш дека некој те измамил или дека има намера да го стори тоа, ако мислиш дека на претстојниот натпревар нема да победиш зашто некој е подобар од тебе или, едноставно, ако љубената не те сака тебе туку сака некој друг, си можел да си најмиш професионален фрлач на клетви, кој без да го споменува твоето име некому ќе му посака лошо. Професионалниот фрлач на клетви, откако ќе изберел соодветна за твојот случај клетва, го врежувал текстот на клетвата на оловна табличка, која потоа ја оставал во гробот на лица кои прерано починале или починале на несреќен начин. Се верувало дека душите на овие лица се најсоодветни за да ги однесат клетвите во подземјето. Вакви оловни таблички со испишани клетви се пронајдени во многу гробници од класичниот период.

Едно скорешно археолошко откритие од античка Атина може да ни даде подобар увид во мрачната практика на фрлање клетви. Неодамна на локалитетот Керамеикос, северозападно од атинскиот Акропол, на дното на еден 2500 години стар бунар, помеѓу останатите артефакти, се пронајдени и околу триесетина оловни таблички со врежани клетви. Она што ги изненадува археолозите е прашањето како овие таблички се нашле во бунар? Одговорот на ова прашање лежи во еден извадок од Кикероновите „Закони“, во кој славниот оратор пишува дека атинскиот владетел Деметриј од Фалерон во времето на своето владеење (317-307 год. пр.н.е.) донел закон за уредување на погребните обичаи. Со него, меѓу другото, на лица што не се во сродство со покојникот им било забрането да присуствуваат на погреби. Со оваа одредба гробовите повеќе не можеле да се користат за црна магија. Но, законот очигледно не ја спречил окултната практика во целост: наместо во гробници, оловните таблички со клетви почнале да се фрлаат во бунари.

Освен што фрлале клетви, старите Грци правеле љубовни и друг вид магии. Ако ве интересира магија, можете да си ја прочитате книгата „Грчки магиски папируси“ прв и втор дел од професорката по класична филологија Даниела Тошева. Оваа книга содржи превод на старогрчки магиски текстови напишани на папирус.

Извор: ΑΡΓΩ

 

Next Post
Таблата со градот Севастопољ што беше поставена на детското игралиште кај Универзална сала; Фото: Мета.мк

Општина Центар не знае кој ја отстранил таблата со украинскиот град Севастопољ од „руското“ игралиште

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk