ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Центар не знае кој ја отстранил таблата со украинскиот град Севастопољ од „руското“ игралиште

February 18, 2022 12:17
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Таблата со градот Севастопољ што беше поставена на детското игралиште кај Универзална сала; Фото: Мета.мк

Таблата со градот Севастопољ што беше поставена на детското игралиште кај Универзална сала; Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар не ја отстранила таблата со името на украинскиот град Севастопољ од детското игралиште со руска тематика позади Универзалната сала. Од општината немаат одговор на прашањето кој и зошто ја отстранил таблата со името на украинскиот град што се наоѓаше помеѓу имињата на руски градови.

„Досега немаме добиено информации за тоа кој ја отстранил таблата од игралиштето“, велат за Мета.мк од Општина Центар.

Во однос на тоа кој ја финансирал изградбата на детското игралиште со руска тематика, од општината велат дека најголем дел од средствата (над 40.000 евра или повеќе од 90 отсто од вкупната сума) дошле токму од општинските власти, односно од буџетот на граѓаните на оваа општина. Руската амбасада во Скопје дала само 150.000 денари или околу 2.500 евра.

„Општина Центар ја финансираше реконструкцијата на игралиштето со 2.481.928 денари, а Амбасадата на Руската федерација учествуваше со дополнителни 150.000 денари“, велат од Општина Центар за Мета.мк.

Локалните власти додаваат дека Одлуката за реконструкција на игралиштето ја има во Годишната програма за работа за 2021 година на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Центар. Истата таа програма е поднесена до Советот и одобрена од страна на минатиот состав на Советот на Општина Центар.

Од Општина Центар посочуваат дека во однос на правниот статус на градот Севастопољ, тие во целост ги поддржуваат одлуките на Владата на РСМ и надлежното Министерство за надворешни работи.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на 31 јануари годинава на средбата со рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин го повтори ставот дека Северна Македонија ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, а политичка поддршка за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет неколку дена подоцна пристигна и од премиерот Димитар Ковачевски, кој на 3 февруари годинава се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Детското игралиште со руска тематика предизвика своевиден дипломатски скандал во земјава, бидејќи во негови рамки беше вметната табла со името на украинскиот град Севастопољ. Станува збор за најголемиот град на полуостровот Крим на Црното море, кој беше анектиран од страна на Руската Федерација и за кој се води спор за нарушување на меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина.

Претходниот градоначалник Саша Богдановиќ во октомври објави, а Руската амбасада во Скопје потврди дека детското игралиште со руска тематика е заеднички финансирано од Општина Центар и од Руската амбасада во Скопје.

Мета.мк пред Нова Година ја контактираше Украинската амбасада во Скопје, од каде потврдија дека за поставената табла со името на градот Севастопољ на руското игралиште реагирале и до Министерството за надворешни работи (МНР) и до Градот Скопје.

„Амбасадорката на Украина во земјава г-ѓа Наталија Задорожњук оствари и низа релевантни средби во МНР каде го изрази ставот за недозволивото учество на официјални претставници од Северна Македонија, посебно раководството на Општина Центар, во обидот на руската страна да го легализира статусот на привремено окупираните територии на Автономната Република Крим и г. Севастопољ како посебен субјект на Руската Федерација“, информираа од Украинската амбасада.

Оттаму ни рекоа дека од МНР го потврдиле својот цврст став за поддршката на Северна Македонија на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, но и од МНР ги увериле дека ова прашање ќе биде решено.

Од Град Скопје и од МНР до денеска Мета.мк не доби одговор на поставените прашања во врска со руското игралиште.

Изминатиов период речиси секојдневно има јавни реакции од Украинската и Руската амбасада во Скопје, во кои се пренесуваат изјавите на официјалните државни функционери на двете земји во врска со можен нов руски напад врз Украина.

Извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Украинското МНР со апел да се осуди гранатирањето во Луганската област

НАЈНОВО

ИРЛ со жесток одговор кон Геровски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

October 11, 2025
ФОТО: Твитер

Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

October 11, 2025

САД нема да распоредат војници во Газа, формираат цивилно-воен центар во Израел за координација на примирјето

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва во квалификациската група

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk