ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден: Имаме причина да веруваме дека руските сили планираат да ја нападнат Украина во текот на наредната недела

February 19, 2022 00:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД имаат разузнавачки информации кои покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин донел конечна одлука за инвазија на Украина, отфрлајќи ги обидите за дипломатско решение на кризата, објави Њујорк Тајмс.

„Имаме причина да веруваме дека руските сили планираат да ја нападнат Украина во текот на наредната недела. Веруваме дека тие ќе го таргетираат главниот град на Украина Киев, град со 2,8 милиони невини луѓе“ – изјави претседателот Бајден

Запрашан дали мисли дека Путин сè уште се колеба дали да изврши инвазија, Бајден, повикувајќи се на разузнавачките извои, одговори:

„Убеден сум дека тој ја веќе ја донел одлуката.“

Извор: Rochan Consulting | Русија го нападна и го анектира Крим во 2014 година. Агресијата беше остро осудена од целиот свет, бидејќи е забранета според меѓународното право. Територијата останува спорна. Испрекинатата линија на мапата ја обележува границата меѓу украинската војска и сепаратистите поддржани од Русија, кои се борат од 2014 година. На источниот раб на Молдавија се наоѓа Придњестровје, отцепен регион поддржан од Русија.

Коментарите на претседателот, втори во последните три дена, се најјасни показатели за тоа колку светот може да биде блиску до катастрофален конфликт во Европа. Претходно, претседателот и неговите највисоки соработници за национална безбедност изјавија дека не знаат дали Путин донел конечна одлука да продолжи со неговата закана од инвазија.

Сепак, Бајден ја замоли Русија „да избере дипломатија“.

„Не е доцна да се деескалира состојбата и да се вратиме на преговарачката маса“, рече Бајден.

В среда идната недела се најавува средба меѓу државниот секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи, Лавров.

„Ако Русија преземе воена акција пред тој ден, ќе биде јасно дека ја затвориле вратата за дипломатијата“ – рече Бајден.

Бајден беше директен во врска со неговото верување дека војната меѓу Русија и Украина може да биде неизбежна. Но тој, исто така, вети дека Соединетите Држави и нивните сојузници се обединети зад воведувањето строги економски санкции доколку руските сили ги преминат границите на Украина.

Изјавите на претседателот Бајден следуваат по новата проценка на американските служби со седиште во Европа, дека Русија има околу 190.000 војници концентрирани на украинската граница и во двата промосковски сепаратистички региони – Доњецк и Луганск.

преземено од ЦивилМедиа

Next Post

Стереотипите и предрасудите последица на стравот од непознатото, потребна поголема толеранција кон различниот

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk