ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Активни 8.143 случаи, голем интерес за скринингот во училиштата

February 19, 2022 08:49
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Активни се 8.143 случаи во државава од кои најголем број 4467 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.808 тестови регистрирани се 905 нови случаи со КОВИД-19 од кои 161 се реинфекции, 10 починати и 1.565 оздравени пациенти.

Министерството за здравство вчера соопшти дека почна скринингот во училиштата и завршена е првата фаза за добивање и обработка на согласностите од родителите. Според МЗ, голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

-Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник.  Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје, информираат од Министерството.

Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.

Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, а на починати е 8.869.

Светската здравствена организација (СЗО) го скрати препорачаното времетраење на карантинот за лицата изложени на коронавирусот. СЗО соопшти дека тие кои имаат негативен тест сега можат да го прекинат карантинот по седум дена наместо претходно препорачаните 14 денови. Таму каде тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по 10-от ден без тестирање доколку контактот не покажува симптоми, наведува СЗО во своите нови привремени упатства.

Калифорнија станува првата држава во САД што ќе објави дека го третира коронавирусот како излечива болест од ендемски тип, објави гувернерот Гавин Њусам. Таа и е една првите кои го укинаа задолжителното носење маски во јавни места. 

Одлука на Њусам се гледа како значајна нова фаза во борбата на САД со коронавирусот, додека службените лица низ земјата ги укинуваат наредбите за носење маски како прв чекор кон нормализација. 

-Ја оставаме кризата позади нас и одиме во фаза каде ќе работиме да живееме со вирусот. Луѓето едвај чекаат да свртат нова страница. Тие исто така секаат да знаат дека ги поддржуваме, ќе ги заштитуваме и ќе бидеме први во тоа, изјави Њусам.

Во меѓувреме, повеќе сојузни држави како Вирџинија, Колорадо, Конектикат или Њу Мексико деновиве го укинаа задолжителното носење маски во затворени простории или во училиштата. Некои како округот Колумбија или Алабама ставија рокови, крај на месецов, во март или во април, кога на тие наредби им истекува важноста. Државите пак како Џорџија и Флорида воопшто немаа наредби за носење маски. Во Тексас тоа беше забрането согласно закон. 

Во Калифорнија, невакцинираните лица, сепак, ќе мора да носат маски на јавни места. Округот Лос Анѓелес засега не ја применува наредбата на државата и продолжува со мандатот за носење маски во затворено. Според официјални здравствени лица од овие држави, САД се движат во правец кога Ковид-19 не е повеќе „постојана криза“. Федералните Центри за превенција на заболувањата (ЦДЦ) деновиве се очекува да излезат со обновени мерки за препораките за носење маски. 

извор: МИА
Next Post

Пензионерите и Владата се договорија, ќе се бара одржливо решение за усогласување и пораст на пензиите

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk