ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден во принцип, согласен за самит со Путин поради руско-украинската криза

February 21, 2022 08:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласија за самит за Украина, со што најверојатно е можен пат за излез од една од најопасните европски кризи во изминатитеите децении.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави во соопштение дека тој им предложил на двајцата лидери самит за „безбедноста и стратешката стабилност во Европа“. Белата куќа во соопштение нагласи дека Бајден го прифатил состанокот „во принцип“, но само „доколку не се случила инвазија“.

„Секогаш сме подготвени за дипломатија“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Ние сме исто така подготвени да наметнеме брзи и тешки последици доколку Русија наместо тоа избере војна“.

Многу детали за предложениот самит – кој беше објавен по телефонски разговори меѓу Макрон, Бајден, Путин, Зеленски и британскиот премиер Борис Џонсон – не се јасни.

Кабинетот на Макрон и Белата куќа соопштија дека суштината на самитот ќе ја разработат американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на нивната средба планирана за 24 февруари. Каква улога ќе има Украина на самитот, доколку ја има, исто така е неизвесно.

Официјален претставник на администрацијата на Бајден во е-порака наведе дека самитот е „целосно теорија“ бидејќи времето и форматот допрва треба да се одредат.

Додека цените на нафтата паѓаа, азиските пазари на акции ги намалија загубите,  фјучерсите на Волстрит се зголемија по веста за можен самит.

„Но, ако Бајден и Путин навистина се сретнат, тие треба да го поканат (Зеленски) да се придружи“, наведе Мајкл Мекфаул поранешен американски амбасадор во Москва во пораката објавена на Твитер.

Информацијата за предлогот на Макрон доаѓа по една недела на зголемени тензии поттикнати од военото засилување на Русија. Руските сили се трупаат околу својот сосед од крајот на минатата година, нешто што западните земји велат дека е увертира за инвазија што може да се скучи во секој момент.

Русија негира каква било намера да изврши инвазија, но белоруското Министерство за одбрана објави дека Русија ќе ги продолжи воените вежби во Белорусија кои требаше да завршат вчера.

Американската компанија за сателитски снимки Maxar  објави повеќе нови распоредувања на руски воени единици во шуми, фарми и индустриски области на само 15 километри од границата со Украина.

Блинкен вчера рече дека продолжувањето на вежбите во Белорусија, која граничи со Украина на север, го натерало повеќе да се загрижи дека Русија е на работ на напад.

„Додека тенковите всушност не се движат, а авионите не летаат, ние ќе ја користиме секоја можност и секоја минута што ја имаме да видиме дали дипломатијата се уште може да го одврати претседателот Путин да го продолжи ова“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Во писмото до шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, САД изразија загриженост дека „натамошната руска инвазија на Украина може да создаде катастрофа за човековите права“.

„Конкретно, имаме веродостојни информации кои укажуваат на тоа дека руските сили создаваат списоци на Украинци кои треба да бидат убиени или испратени во кампови по воена окупација“, напиша американскиот амбасадор во ОН во Женева, Батшеба Нел Крокер.

Спорадичното гранатирање преку линијата што ги дели украинските владини сили и проруските сепаратисти на исток се интензивираа од четвртокот. Денеска повторно се слушнаат спорадични истрели вклучително и експлозија во центарот на градот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите. Причината е непозната.

Бунтовниците соопштија дека двајца цивили биле убиени во гранатирање на владините сили на Киев, јавија руските медиуми.

Киев ја обвини про-Руски сили декаги гранатираат сопствените сонародници во отцепениот регион за да ги обвинат за нападите украинските владини сили.

Западните земји подготвуваат санкции за кои велат дека би биле опсежни против руски компании и поединци во случај на инвазија, вклучително и чекори за забрана на американските финансиски институции да процесираат трансакции за големите руски банки, рекоа луѓе запознаени со ова прашање.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави за Би-Би-Си дека таквите мерки би можеле да вклучуваат ограничувања на пристапот на руските бизниси до доларот и фунтата.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави за германската телевизија АРД дека Русија „во принцип ќе биде отсечена од меѓународните финансиски пазари“ и ќе биде отсечена од големиот европски извоз.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба нагласи дека е време Западот да спроведе барем дел од санкциите што ги подготви, но администрацијата на Бајден одби да го стори тоа, велејќи дека нивниот застрашувачки ефект ќе биде изгубен ако тие се искористат прерано./MИА/.

Next Post

САД подготвуваат санкции против руските банки

НАЈНОВО

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

Пет Нетфликс филмови достапни во Македонија што совршено ќе ја погодат атмосферата за Halloween

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk