ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Сè што се разговара со Бугарија е во духот на Резолуцијата и европските вредности

February 21, 2022 12:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè она за што се разговара со Бугарија е во духот на Резолуцијата што е донесена во нашето Собрание и во духот на европските вредности, истакна  премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите по денешниот увид на активностите на терен за изградба на делницата Крупише-Кочани од експресниот пат Кочани-Штип.

Во коментар на барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за писмени гаранции од ЕУ и Бугарија за македонскиот јазик, идентитет и малцинство наспроти нивното барање за Бугарите во државава Ковачевски посочи дека разговорите со Софија се водат во духот на европските вредности  и врз основа на задржување на дигнитетот на граѓаните на двете држави.

-Во Собранието веќе имаме донесено Резулуција врз основа на која ги имаме поставено  нашите преговарачки позиции во овој процес. За се она што се случува во рамки на преговорите министерот Османи  веќе информираше на целодневна расправа на Комисијата за надворешна политика во Собранието, а после секоја средба што ја има со своите бугарски колеги тој тоа исто така го прави  и пред граѓаните. Исто така и јас и премиерот Петков во своите настапи по нашите средби ги објавуваме сите детали за кои се разговара и можам да ве уверам дека се она за што се разговара е во духот на Резолуцијата што е донесена во нашето Собрание и во духот на европските вредности. Се разбира, во целиот тој процес е вклучена и Европската комисија бидејќи на крајот на денот преговарачката рамка треба да биде одобрена од сите земји членки на ЕУ и врз основа на тоа Македонија  да го добие датумот за почнување на првата меѓувладина конференција, рече Ковачевски.

Прашан како го коментира потегот на бугарскиот премиер Кирил Петков со вчерашната објава на фотографијата од Минхенската безбедноста конференција каде го нема делот од Ковачевски, премиерот упати на изјавата од прес-службата на бугарската Влада дека се работи за ненамерен пропуст, истакнувајќи оти верува во продолжување на успешната комуникација и во иднина.

-Јас и премиерот Петков и нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедноста конференција и сакам да верувам дека одговорот којшто е даден од прес-службата на бугарската Влада е тој кој што е вистинскиот и оти ќе продолжиме со успешната комуникација и во иднина, рече Ковачевски.

По најавите за пролетна офанзива од опозицијата и барањата за единство, премиерот повтори дека сите треба да бидат обединети во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочува државата бидејќи ова е кризна година.

-Кога зборуваме за единство тогаш зборуваме за единство во однос на сите проекти, а кога опозицијата и Мицкоски зборуваат за единство тогаш тука има еден проблем затоа што се работи за една обилна невистина со оглед на тоа што секој напредок во разговорите со Бугарија се користи за да се креираат  тензии, лажни  вести, да се измислуваат нови декларации кои никој не ги поддржува во републичкото Собрание. Исто така, ние со Република Бугарија имаме нов пристап во разговорите каде што се разговара на теми коишто значат подобар живот за граѓаните, подбра  комуникација, подобра економија и подобра соработка помеѓу двете држави, рече Ковачевски.

Тој дополни дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не поддржале ниту една од таквите иницијативи и како што наведе, „единствено гледаме само обвинување за некакви пазарења“. Притоа, повтори дека се води транспарентен процес во кој и министрите за надворешни работи и за евроинтеграции и тој како премиер информираат за секоја средба, како преку медиумите, така и соодветно во комисиите во Собранието. /MИА/.

Next Post

Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот останува со иста цена

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk