– Украина сака мир. Европа сака мир. Светот вели дека не сака да војува, а Русија вели дека не сака да напаѓа. Некој од нас лаже. Ова уште не е аксиома, но веќе не е хипотеза – вака украинскиот претседател Владимир Зеленски го започна говорот на 58-мата Минхенска безбедносна конференција.
„Им благодарам на сите држави кои денеска ја поддржаа Украина. И со зборови, и со декларации и со конкретна помош. Оние кои денес се на наша страна. На страната на вистината и меѓународното право. Не Ве именувам – не сакам на некои други земји да им биде срам. Но, тоа е нивна работа, тоа е нивна карма. И тоа е на нивната совест. Сепак, не знам како ќе можат да им ги објаснат своите постапки на двајцата загинати и тројцата ранети војници денеска во Украина, рече Зеленски на 58-мата Минхенска безбедносна конференција
Зеленски се осврна на чувствата на трите ќерки на капетанот Сидоров кој денеска загина од артилериски оган, кој според договорите на Минск, е забранет.
„А најважно – на трите девојчиња од Кијив. Едната има десет години, втората – шест, третата – само една година. Денеска тие останаа без татко. Во 6 часот наутро по средноевропско време. Кога украинскиот разузнавач, капетанот Антон Сидоров загина како резултат на артилериски оган, што е забранет со договорите од Минск. Не знам на што точно мислеше во последниот момент од својот живот. Тој сигурно не знаеше која агенда некој треба да ја исполни за да се заврши војната“, рече Зеленски.