ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Агресија на Русија врз Украина, повредени голем број украински граничари и војници

February 24, 2022 08:31
in BREAKING NEWS, ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
фото: МИА

фото: МИА

– Државната гранична служба на Украина информира дека агресијата на Русија се случи денеска околу 5.00 часот. Нападот исто така се случи и од страната на ТОТ на Автономната Република Крим. Во моментов преку административната граница се евидентира движење на воена опрема од полуостровот, информираат од украинската амбасада во Скопје.

Оттаму соопштуваат дека во Луганската, Сумската, Харковската, Чернигивската и Житомирската област, нападите врз граничните единици, граничните патроли и контролните пунктови се вршат со употреба на артилерија, тешка техника и огнено оружје.

„На офанзивата на руските војници преку државната граница и претходи артилериски оган, а потоа се движи воена техник.а

Руската воена техника, вклучително и оклопни возила, ја наруши државната граница во Чернигивската, Сумската, Луганската и Харковската област.

Конкретно, во Чернигивската област, непријателската техника минуваше низ контролните пунктови „Сенкивка“ и „Гремјач“ и во други правци“, известуваат од амбасадата.

Нагласуваат дека движењето на колоните се одвивало и преку контролниот пункт „Бударки“ во Харковската област и во правец на контролниот пункт „Милове“ во Луганската област.

Како што пренесува украинската амбасада, повеќето гранични единици и гранични патроли на Луганската, Сумската, Харковската, Чернигивската и Житомирската област биле под оган.

„Според достапните информации, меѓу граничарите се повредени голем број војници.

Војниците на Државната гранична служба на Украина заедно со Вооружените сили ги преземаат сите мерки за запирање на непријателот“, стои во информацијата од украинската амбасада.

Next Post

Цената на нафтата се искачи на 100 долари за барел поради ескалацијата во Украина

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk