ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Целосна инклузија на Ромите во општеството е обврска на која заедно работиме​

February 24, 2022 15:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска го отвори дводневниот работен состанок за социјално вклучување на Ромите во Република Северна Македонија, на кој присуствуваа претставници на Владата, Парламентот, меѓународни и граѓански организации, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката истакна дека потпишувањето на Декларацијата за интеграцијата на Ромите  од страна на Премиерите на државите од Западен Балкан, ја потврдува  подготвеноста на земјите во регионот за заедничка соработка во иницијативата на вклучувањето на Ромите во рамките на процесот на проширувањето на Европската Унија.

„Стратегијата за Роми во Република Северна Македонија е потврда за нашите заложби за изградба на кохезивно општество кое се стреми кон континуиран економски и севкупен одржлив развој. Општество во кое граѓаните независно на која етничка заедница и припаѓаат, се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен развој и напредок,“ рече Тренчевска.

Согласно потпишаната Познан Декларација и превземените обврски кои произлегуваат од неа, Владата на Република Северна  Македонија преку ресорните министерства имплементира Проекти и законски решенија во постигнувањето на конкретни цели  во одредени области како што се: образованието, вработувањето, домувањето и обезбедување на лични документи за лицата кои не ги поседуваат истите.

Министерката посочи дека, вклучувањето на 400 деца Роми во процесот на предучилишно образование кои бесплатно престојуваат во градинките, 700 стипендии на средношколците Роми на годишно ниво, високата стапка на вработеност на Роми во државната и јавна администрација, област во која нашата држава е пред сите останати во регионот, поддршка во домувањето, во смисла на легализација на нивните домови се дел од реализираните цели на кои министерството заедно со партнерите работеше изминатиов период.

Таа истакна дека во подготовка е и нов Закон за домување во кој ќе содржи посебен дел Социјално домување. Како и дека имплементирањето на проектите финансирани преку  ИПА II Годишната акциска програма за 2019 „ЕУ за вклучување” имаат за цел на допринесат за намалување на сиромаштијата во земјата и подобрување на социјалното, образовното и економско вклучување на луѓето кои припаѓаат на најранливите групи.

„Република Северна Македонија во наредниот период се подготвува за спроведување на зелена и дигитална агенда. Вклучувањето на Ромите  во дигиталната агенда го гледаме пред се во подигањето на пристапот кон дигиталните средства, дигиталната писменост, поддршка на децата Роми во областа на образованието, пазарот на труд во смисла на стекнување и користење соодветни вештини, како и поддршка на Ромите претприемачи за дигитализација на нивните дејности. Во областа на зелената агенда, Ромите ќе  бидат вклучени во циркуларната економија, со трансформацијата на системите за управување со разните видови отпад и други ресурси, ќе се појават и нови можности и нови работни места. Економската ефикасност на домовите на граѓаните треба да почне од најранливите групи, вклучително и Ромите, а нив ќе ги вклучиме и во иновативните модели за обновлива енергија,“ рече Тренчевска.

Next Post

Украински Генералштаб: Од Белорусија истрелани балистички ракети, Париз со осуда за улогата на Минск

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk