ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕK објави инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за унапредување на одржливо поврзување во Западен Балкан

February 25, 2022 14:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска објави значителен инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект од областа на транспорт, дигитализација, клима и енергетско поврзување во Западен Балкан. Ова е првиот голем пакет на проекти во рамки на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, кој Комисијата го усвои во октомври 2020 и кој ќе ја стави во функција стратегијата на ЕУ – Глобална порта во овој регион. Проектите се дизајнирани да донесат опипливи придобивки за сите шест партнери во регионот, соопшти Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Според комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со овој голем инвестициски пакет ја забрзуваат испораката на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан на терен.

– Ги идентификувавме овие водечки проекти во тесна соработка со нашите партнери. Подобрите и поодржливи врски во транспортот, дигиталната инфраструктура и обновливите извори на енергија ќе ја поттикнат економијата, ќе ја поттикнат зелената и дигиталната транзиција на регионот и ќе донесат мноштво можности за луѓето и бизнисите во Западен Балкан и низ ЕУ. Овие инвестиции ќе ја забрзаат и интеграцијата на регионот, во согласност со неговата јасна европска перспектива, вели Вархеји, пренесуваат во соопштението од Делегацијата на ЕУ.

Во текот на следните години Економскиот и инвестициски план треба да мобилизира до 30 милијарди евра инвестиции, како комбинација од грантови, повластени заеми и гаранции. Планот, според соопштението, ќе помогне да се затвори развојниот јаз меѓу Европската унија и регионот и да се поддржи економското закрепнување по пандемијата.

– Денешниот финансиски пакет вклучува 1,1 милијарди евра грантови на ЕУ од Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 (ИПА III), дополнителни билатерални придонеси од ЕУ Земјите-членки и Норвешка, и поволни заеми од меѓународни финансиски институции. Инвестицискиот пакет од 3,2 милијарди евра е канализиран преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) – инвестициска платформа предводена од ЕУ со повеќе донатори и основно финансиско средство за спроведување на Економскиот и инвестицискиот план во областите на јавната инфраструктура и конкурентноста на приватниот сектор, наведуваат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Проектите во овој прв пакет ги покриваат приоритетните сектори на Планот – Одржлив транспорт: изградба на главни патни и железнички врски во регионот, вклучувајќи ги Медитеранскиот коридор, коридорот Исток-Запад и Рајна-Дунав и железничкиот коридор меѓу Скопје во Северна Македонија и бугарската граница. Овие проекти ќе ја олеснат регионалната трговија, ќе го намалат времето на патување и ќе поттикнат одржлив економски раст, носејќи големи придобивки за локалното население и бизнисите во регионот.

-Чиста енергија: Развој на обновливи извори на енергија со изградба на соларни централи и Трансбалкански коридор за пренос на електрична енергија, што ќе биде помогне во успешна транзиција на чиста енергија во регионот и ќе придонесе за постепено укинување на употребата на јаглен.Животна средина и клима: Изградба на пречистителни станици кои се од суштинско значење за зелените перспективи на регионот и ќе помогнат да се зачува здравјето и благосостојбата на луѓето во Западен Балкан. Дигитален: Развој на рурална широкопојасна инфраструктура за да се обезбеди универзален пристап низ Западен Балкан. Човечки развој: Изградба на нова зграда на универзитетска детска болница за да се зголеми нејзиниот капацитет и да се вклучат нови дијагностички и третмански технологии, стои во соопштението.

Имплементацијата, како што соопштуваат, ќе започне наскоро по потпишувањето на договорите со меѓународните финансиски институции, кои се очекуваат во текот на 2022 и 2023 година./MИА/.

Next Post
bloomberg.com

ЕУ санкции за Путин и Лавров

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk