ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија доби 225,6 милиони евра грант за инфраструктурни и енергетски проекти преку ЕК

February 25, 2022 16:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии попладнево информираше дека земјата добила грант во висина од 225,6 милиони евра од Европската комисија за поддршка на инфраструктурни и енергетски проекти. Грантот е одобрен во рамки на инвестицискиот пакет на Европската унија од 3,2 милијарди евра за Западен Балкан.

Конкретно, поддршката се однесува за кофинансирање на проектот за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 – трета делница (Крива Паланка – Деве Баир, граница кон Р. Бугарија), за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, за фотонапонска електрана Осломеј, како и за проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици.

– Инвестициските грантови се одобрени во рамки на инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ,  а со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), за што РС Македонија имаше поднесено апликации, велат од Министерството за финансии. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата што во Брисел ја имал со еврокомесарите истакнал дека станува збор за големи инфраструктурни проекти што имаат силна додадена вредност и се од големо значење за заздравување на економијата и за обезбедување енергетска стабилност. 

– Изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор VIII делница, Крива Паланка -Деве Баир, во должина од 23,4 км е од големо стратешко значење за државата. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 412,3 милиони евра за што преку ВБИФ инструментот се обезбедуваат 149,2 милиони евра. Со изградба на пречистителната станица за отпадни води Скопје трајно ќе се реши третманот на отпадните води од градот Скопје, со што ќе се намали загадувањето на реката Вардар и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 136,7 милиони евра, при што од ВБИФ инструментот ќе се обезбедат грант средства во износ од 69,8 милиони евра, посочуваат од Министерството за финансии.

Во делот на зелената агенда и преминот од електрична кон соларна енергија, како што наведува Министерството, од големо значење ќе биде реализацијата на фотонапонската електрана Осломеј и проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици. Изградбата на фотонапонската централа Осломеј ќе чини 8,8 милиони евра и ќе ја финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР без државна гаранција, во износ од 5,9 милиони евра,  ВБИФ инвестициски грант кој беше одобрен денеска во износ од 1,6 милиони евра и сопствени средства на АД ЕСМ во износ од 1,3 милиони евра. 

– За проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици со денешната одлука преку  ВБИФ инвестициски грант се обезбедуваат средства во износ од 5 милиони евра. Проектот опфаќа изградба на ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и ФЕ Битола со инсталирана моќност од 20 MW. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 25,5 милиони евра и истиот го финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР во износ од 19,8 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, ВБИФ инвестициски грант во износ од 5 милиони евра и сопствени средства на АД ЕСМ во износ од 0,7 милиони евра, се појаснува во соопштението. 

Next Post

Борел на Твитер со порака на руски јазик: Путин не е рускиот народ, Кремљ не е Русија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk