Осум години откако насилно и незаконски беше припоен кон Русија, Крим сè уште е една од главните цели на про-Кремљ дезинформации. Повеќе од 840 случаи во базата на податоци на EUvsDisinfo се сведоштво за континуираните напори да се прикаже Кремљ како „спасител“ на Крим и да се оправда илегалната анексија. Овие „дезинфо“ примери се шират низ многу земји и на многу јазици: 437 се на руски, 143 на арапски, 79 на англиски, 42 на француски и повеќе на други јазици.
Европската Унија го повтори својот став дека не ја признава и нема да ја признае нелегалната анексија на полуостровот Крим од страна на Руската Федерација. Во оваа насока, дезинформациите и континуираните обиди да се обелоденат делата на Кремљ кои го прекршуваат Меѓународното право, се единствениот начин да се добие некакво одобрение од публиката – и домашната и меѓународната.
EUvsDisinfo aнализира четири типа на најчести наративи кои ја трујат информациската средина од 2014 година. Не е изненадувачки што Путин исто така користеше многу од токсичните наративи претставени подолу за да го оправда тековниот неиспровоциран воен напад против Украина.
„Спасителот“: Русија го спаси Крим од опасност и сега Крим е безбедно засолниште(рај) за сите
Уште од нелегалното припојување, Русија се прикажува себеси како „миротворна“ сила, чијашто цел е да спречи „геноцид“, кој Украина, наводно го извршила врз југо-источниот дел на земјата. Исто така, се тврдеше дека Кримјаните биле спасени од ропство.
Про-Кремљ медиумите дополнително се обидоа да изградат позитивна слика за Русија опишувајќи го Крим како слободно место во кое локалните малцинств ќе имаат бенефиции и просперитет и дека ќе стане многу популарна туристичка дестинација и безбедно засолниште за секој Европеец кој бара „засолниште од агресивно сексуално образование“.
„Демократија“: Припојувањето на Крим кон Русија следеше по „демократски“ референдум и беше широко прифатен.
Ова е еден од најповторуваните дезинформациски наративи за илегалната анексија на Крим од страна на Русија. Медиумите кои го поддржуваат Кремљ постојано тврдат дека Крим станал „дел од Русија“ по демократскиот референдум.
Во исто време, геополитичките заблуди на Кремљ одат дотаму што наведуваат дека Крим е признат како дел од Русија од: ЕУ, ОН, Норвешка, Нафтогас од Украина, генерално од Западот, па дури и од Њујорк Тајмс и Кока-Кола.
„Враќање дома“: Крим е и отсекогаш бил руска земја
Читателите најверојатно добро го познаваат рускиот слоган „Крим е наш!- користен од руските власти при славењето на илегалната анексија на Украинскиот полуостров Крим кон Русија.
Целта беше да се истакне наводно историско тврдење и обид да ги зајакне патриотските чувства на локалците преку пренесување на пораката дека Крим всушност „се обединил со својата татковина“ Русија.
Но, без разлика колку креативно Кремљ се обидувада ја изврти историјата, останува фактот дека „oсум години по насилната и незаконското припојување, Крим не е „наш“, не е дел од Русија“.
Инсистирањето на истото е дезинформирање, а повторувањето на паролата не го прави повеќе вистинито.
„Жртвата“: Западот и Киев му штетат на Крим
Про-Кремљ дезинформациите често го прикажуваат Западот како зло. Вооднос на Крим, Западот беше оцрнет заедно со властите во Киев.
Машинеријата за дезинформации го обвини Западот дека ја „навредува волјата на народот на Крим“ и „ја прикрива вистината за Крим“; НАТО Алијансата беше обвинета за „провоцирање“ и „настојување“ да го „дестабилизира“ регионот на Црното Море, како и дека подготвува „преземање на Крим“.
Од друга страна, украинските власти беа и се уште се дехуманизирани од руските државни медиуми кои ги обвинуваат за наводен „геноцид за вода“, „блокирање на напојување со електрична енергија“ и правење сè за да го „отсечат“ полуостровот , па дури и градат 120 километри воден пат за да го одвојат од копното на Украина.
Сепак, и покрај сите овие напори за дезинформација да се придобијат срцата и умовите на луѓето и да се верува во неверојатното, вистината е само една и едноставна: Крим е и останува дел од Украина.
Извор: euvsdisinfo.eu
Обработка: И. З.