ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шведскиот демократ Адактусон го номинираше Зеленски за Нобелова награда за мир

February 28, 2022 23:42
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Зеленски, пред својата канцеларија

Зеленски, пред својата канцеларија

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Норвешкиот Нобелов комитет го номинирав украинскиот претседател Володимир Зеленски за Нобелова награда за мир за 2023 година, објави на Фејсбук профилот, шведскиот демократ Ларс Адактусон.

Како член на Парламентот,  би сакал да го номинирам претседателот на Украина, Володимир Зеленски за Нобелова награда за мир во 2023 година, пишува во номинацијата.

„Во врска со инвазијата на Русија врз Украина, во февруари 2022 година, претседателот Зеленски го претставуваше својот народ и својата нација со интегритет, компетентност и голема храброст. Врз основа на хуманизизам и почит кон човечкото достоинство, во најтешките моменти, Претседателот несебично се стави на фронтот на борбата против автократијата, империјализмот и воената агресија. Преку достоинствено, посветено и одговорно политичко лидерство, Володимир Зеленски стана пример и надвор  од границите на сопствената земја. Врз основа на универзалните принципи на национален суверенитет, територијален интегритет и правото на самоодбрана, претседателот се однесува со почит и кон сопствената земја и кон меѓународната заедница. Во борбата за слобода, помирување и мир, претседателот на Украина ја претставува целата демократска Европа“ пишува во номинацијата на Норвешкиот Нобелов комитет.

„Во повоениот период, Нобеловата награда за мир им се доделува на претставници во широк спектар на меѓународна мировна работа. Како одговорен лидер во праведна воена одбрана на сопствената земја, Володимир Зеленски активно придонесува за меѓународниот мир и безбедност. Претседателот на Украина би бил достоен добитник на Нобеловата награда за мир во 2023 година“, гласи официјалниот документ за негова номинација.


Инаку, Ларс Адактусон е шведски политичар и член на политичката партија Христијански Демократи. Претходно работел како новинар, а од 2014 година е избран за член на Европскиот Парламент на Европските парламентарни избори во Шведска.

Оттогаш работи во Комитетот за надворешни работи и Супкомитетот за Човекови Права. Како дел од неговите задачи во комитетот беше беше и неговата функција заменик претседател на парламентарната делегација за односи со Авганистан.

Во 2016 година, Адактусон поднесе резолуција за признавање на систематското убивање и прогон на верските малцинства на Блискиот Исток од страна на милитантната група Исламска држава (ИСИС) како геноцид, која Европскиот парламент едногласно ја усвои.

Обработка: Фронтлajн ( М.М/ И.З )

Next Post

Зеленски времено ги укинa визите за странци кои се подготвени да се приклучат на украинската Меѓународна одбранбена легија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk