ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина – Барање за членство во ЕУ, санкции и меѓународна изолација за Русија, воена и хуманитарна помош

March 1, 2022 12:17
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Претседателот на Володимир Зеленски го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија. Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Полска, Словачка и Словенија веќе повикаа на итно членство на Украина во ЕУ.


Воена помош

За заштита на Украина, голема количина помош продолжува да доаѓа од партнерите: од панцирни елеци и шлемови до преносни противвоздушни ракетни системи и противтенковски системи.

Прашањето за зајакнување на воздухопловните сили на Вооружените Сили на Украина се решава за уште повеќе да им се даде отпор на Руските сили во воздух, нагласуваат во извештајот.

„За првпат во својата историја, Финска обезбедува вооружување: 2.500 автоматски пушки, 150.000 парчиња муниција, 1.500 RPG за еднократна употреба и 70.000 комплети за храна. Шведска обезбеди воена помош за прв пат од 1939 година. Шведската влада ѝ предава на Украина 135.000 оброци, 5.000 шлемови, 5.000 панцири и 5.000 единици на противтенковски оружја.

Норвешка, исто така, донесе исклучителна одлука за поддршка на Украина, оттргнувајќи се од политиката на недавање оружје на земјите кои не се членки на НАТО, а кои се наоѓаат во состојба на војна. Осло ни испраќа 2.000 фрлачи на противтенковски гранати!

Луксембург и обезбедува на Украина противтенковско оружје.

Неутралната Австрија наскоро ќе испрати шлемови, заштитни елеци и гориво.“

Санкции

Расте меѓународната изолација на Русија. Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Австралија најавија воведување на нови санкции. Швајцарија за првпат се приклучи кон санкциите на ЕУ. Оние кои порано беа неутрални сега се борат заедно со Украинците против руските напаѓачи, се констатираат во извештајот.

Азија, која претходно заземаше претпазлив став, исто така се приклучува на антипутинската коалиција. Сингапур воведува ограничувања кои вклучуваат контрола на извозот, санкции против руските банки, прекинување на летовите.

Нашите партнери и нанесуваат разорни удари и на Централната банка на Русија. Канада им забрани на сите финансиски институции да вршат какви било трансакции со Централната банка на Руската Федерација. Канада, исто така, ја објави својата намера да го прекине увозот на нафта од Русија.
Монако, ќе нанесе удар врз рускиот естаблишмент и ќе воведе санкции идентични на ограничувањата на ЕУ.

Хуманитарна помош

Хуманитарна помош пристигнува од целиот свет. Камиони со потребните производи веќе ги напуштија Франција, Словачка, Швајцарија, Индија, Естонија и Литванија.
Велика Британија синоќа ја испрати првата пратка медицински материјал во Полска. Вкупно Лондон одвои 40 милиони фунти за хуманитарна помош. И ова е само мал дел од помошта што ни ја даваат пријателите од целиот свет.

Меѓународна изолација

Со секое гранатирање на украински град или село, Русија се повеќе се изолира од светот. Бројот на држави кои го затворија својот воздушен простор за руски авиони е зголемен. Сега им се придружи и Албанија. Покрај тоа, Русија сега се соочува со масовно затворање и ограничувања на поморските патувања. Обединетото Кралство работи на законско решение за да спречи руски бродови да влезат во британските пристаништа.

Пред неколку дена Европската радиодифузна унија објави дека ниту еден руски изведувач нема да учествува на овогодинешниот натпревар за песна, а вчера ФИФА и УЕФА одлучија да ги исклучат руските репрезентации и клубови од учество во натпреварите под нивно покровителство.

САД испраќаат 12 руски дипломати од мисијата на ООН за зголемување на притисокот врз Русија.
„Меѓународната антипутинска коалиција е во тек. Украинската дипломатија обезбедува сигурна позадина за нашата војска. Со такви храбри војници и таква голема поддршка од светот, ќе ги принудиме напаѓачите да ја запрат агресијата. Слава на Украина!“ – изјави Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Next Post

Орбан: Нема испорака на оружје за Украина преку Унгарија

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk