ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Наш државен интерес е историските прашања да се разговараат во Заедничката комисија

March 1, 2022 11:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека се направени одредени позитивни исчекори во Историската комисија во однос на начинот на продолжување на активностите, истакнувајќи дека Наш државен интерес е историските прашања да се зачуваат и да се разговараат во Историската комисија.

– Комисијата за историски прашања одржа состанок во Софија и тоа, според информациите од членовите на Комисијата, беше конструктивен состанок во кој се направени одредени позитивни исчекори. Не можам да кажам одлуки или решенија, но позитивни исчекори по однос на начинот на продолжување на активностите понатаму што е добар сигнал дека и таму се рефлектира оваа позитивната клима што се создава меѓу двете влади, рече Османи на брифингот со новинари.

Напомена дека оваа недела и Бугарија беше во вонредна состојба поради тоа што и тие имаат многу граѓани во Украина и поради тоа што на некој начин се прва земја во тој прстен.

Сепак, како што рече, успеавме да имаме комуникација на оваа тема, да размениме одредени мислења и ќе видиме како понатаму сега овие нови ставови, нови размени кои се случија меѓу мене и министерката ќе може да продолжат понатаму како дополнителен ангажман.

Одговарајќи на новинарско прашање за Предлог-декларацијата по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, која денеска е на дневен ред на 64-та седница на Собранието, министерот Османи рече дека тоа е спротивно на нашите интереси.

– Наш државен интерес е историските прашања да се зачуваат и да се разговараат во Историската комисија. Протекувањето на историската дебата од Историската комисија како заштитник на нашите позиции во политичка дебата, во која политичките интереси, партиските интереси ќе одлучуваат за нашите државни позиции може да биде пресудно за нас, рече Османи.

За жал, како што рече, има политички партии кои вакви важни државни прашања не успеваат да ги тргнат од дневно-политичка агенда и тоа во услови на еден воен конфликт, во кој ние се подготвуваме за бегалци, во кој имаме наши граѓани кои се во подрумите на зградите кои се бомбардираат, ние отвораме дебата за дополнително поларизирање на нашето општество. Додаде дека секој ден учиме за нови неодговорни пристапи во политиката. /MИА/.

Next Post

Зеленски денеска преку видео ќе им се обрати на членовите на Европарламентот

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk