ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Комисијата за заразни болести ќе расправа за епидемиолошката состојба

March 2, 2022 07:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести, според најавите, денеска ќе одржи состанок, на кој ќе се расправа за епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во земјава. Последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека во државава се активни 3431 Ковид случај, од кои 1840 се во Скопје.

Од ИЈЗ вчера информираа дека се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19. Минатата недела регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 отсто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движел од 13,1 отсто до 24,2 отсто, просечно 18,6 отсто.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 21 до 27 февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје – 311,4/100.000 и Гевгелија – 285,3/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=951, 25,7 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=194; 5,2 отсто).

Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а најмногу од 43,6 отсто во возрасната група од 10-19 години и 43,5 отсто кај лицата на возраст од 50-59 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6 094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2 отсто  во однос на претходната недела. Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови, за 45,6 отсто помалку во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 337 лица (23,3 отсто помалку
во споредба со претходна недела), од нив 255 се на кислородна поддршка (14,1 отсто помалку во
споредба со претходна недела), а девет на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (18,2 отсто
помалку во споредба со претходна недела).

Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849 727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.

По  вчера регистрираните 476 нови КОВИД случаи за претходното деноноќие, во кое се регистрирани 17 починати и 524 оздравени лица, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 297 738. Оздравени 285 280 пациенти, а починале 9 027.

Амбасадата на Италија во земјава информира дека почнувајќи од вчера, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, повеќе ќе нема ограничувања за влез во таа земја.

– Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид-сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест, од кој се ослободени децата до шест години. При влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање патници PLF (Passenger Location Form), соопшти вчера Италијанската амбасада. /MИА/.

Next Post

Декларација за поддршка на територијалниот интегритет и воена помош за Украина

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk